Јозеф Кабан е новиот шеф за дизајн во Rolls–Royce. Словакот на 46-годишна возраст мина најголем дел од кариерата како главен дизајнер во автомобилските куќи. Кабан доаѓа на новата позиција од местото на шеф на дизајнерското студио на BMW, кадешто работеше од 2017 година.
На возраст од 20 години, Кабан почнува да работи како еден од најмладите дизајнери во групацијата Volkswagen, а студиите на прочуениот Кралски колеџ за уметност во Лондон ги завршува во 1997 година. Веќе во 1998 година, нему му припаѓа работата на надворешниот дизајн на Bugatti Veyron.

Кариерата продолжува на местото на главен дизајнер за екстериер во Audi, а потоа и во Skoda, каде што врши целосна смена на стилот на чешката марка, меѓу другото со Superb и Kodiaq, како и со фејслифтот со двете светла кај Octavia.
Кабан е татко на две деца, ќерка и син, и ќе работи во дизајнерските студија на Rolls-Royce во Гудвуд и Минхен.
Skoda Vision C во Женева: Така ќе изгледа идниот Superb
Луксузот не познава криза: Рекордни продажби на Rolls-Royce & Co
Rolls-Royce што политбирото му го забрани на диктаторот Чаушеску
Јозеф Кабан: Дизајнерската ѕвезда на Škoda преоѓа во BMW
















