Tesla држи цена повеќе од Porsche и Audi

Првата адреса кога се бара процена на вредноста на автомобилите, германскиот Шваке, излезе со пресметка во којашто Tesla задржува повеќе од вредноста како користен автомобил, одошто Porsche и Audi. Во рамките на високата класа, електролимузината Tesla Model S се пласира пред досегашниот шампион Porsche Panamera.

Porsche Panamera e сменета од врвот, како автомобил од високата класа кој задржува најмногу од вредноста на ново. Првото место сега припаѓа на електричната лимузина Tesla Model S. Тоа го покажа анализата на експертите од Шваке, на кои им се верува најмногу, кога станува збор за процена на вредноста на различни модели.

Големите падови во вредноста не значат друго, освен тоа дека пазарот не верува во тие модели

Според Шваке, Tesla Model S по три години и 60.000 километри задржува 60 проценти од вредноста на ново. Porsche Panamera се најде на второто место, сепак заостанувајќи незначително со 57,4 проценти. Третото место припаѓа на Audi A8, со 54,1 проценти. Најмногу од вредноста губи Jaguar XJ, кој по три години вреди само 40,2 проценти од цената на нов автомобил.

Jaguar XJR575

Во прогнозата на пазарните експерти се потврдува дека автомобилите од високата класа буквално претставуваат расфрлување со пари за купувачите на ново возило. Просечната преостаната вредност во оваа класа од 51 проценти значи дека повеќето возила вредат помалку од половината од цената на ново возило.

Мајк Бруер издаде водич за користени автомобили

Opel Adam е солиден избор за користено возило кај малечките

Топ 10 · Овие модели се најлош избор за користено возило

Увозот на користени автомобили пораснал за 36 проценти

Британците избираа најдобар користен автомобил

Претходна објаваШто се случува меѓу PSA и Fiat?
Следна објаваЦело моделско семејство на Kia Ceed со награди за дизајн

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here