за ,

Мајк Бруер издаде водич за користени автомобили

мајк бруер, водич користени автомобили

На снаодливиот експерт во „Трговци со автомобили“ може да му се верува, кога станува збор за користени автомобили. Мајк Бруер има вредни препораки и совети, кои сега се достапни и во печатено издание

Трговецот во мошне гледаната серија „Трговци со автомобили“ (Wheeler Dealers) на каналот Дискавери има понуда што ќе заинтересира секој купувач и секој продавач на користен автомобил. Мајк Бруер, човекот когошто во серијалот го гледавме како секогаш успева да ја најде најдобрата понуда на пазарот, и на крајот да постигне разумна заработка, издаде прирачник насловен како „Најдобриот водич за користени автомобили“.

На 115 страници со квалитетен печат и примамлив дизајн, „буказинот“ на Мајк ги нуди сите потребни информации за купување и продавање користен автомобил. Тоа што дава посебна вредност се предвидувањата на Мајк за движењето на вредноста на одредени модели на автомобили. Овие информации можат да бидат корисни, доколку некој е трпелив и може да сочека неколку години да профитира преку инвестицијата во иден олдтајмер или јангтајмер.

Водичот за користени автомобили е вредна можност да се следат советите на Мајк Бруер откако e ограничен пристапот до „Дискавери“ за македонската публика

Секако дека Мајк не би дозволил цената за неговиот прирачник да биде неприфатлива. Тој го цени своето дело на 6,99 фунти, односно 8,99 фунти при испорака надвор од Британија. Во меѓувреме функционира и веб страницата www.mikebrewermotoring.com , на којашто исто така има актуелни совети околу користените возила. Ед Чајна, маестро за поправка на секој дефект, повеќе не е дел од „Трговци со автомобили“, но тоа не значи дека отсуствува од сцената.

Набавката на „Ултимативниот водич“ од Македонија може да се изврши преку https://shop.kelsey.co.uk/product/BZMBREWER . Како што наведуваат од реномираната издавачка куќа, испораката на територија на Европа следува во период меѓу 7 и 14 денови.

Мајк Бруер, користени автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Macan

Швајцарија одбива да регистрира дизели на Porsche

Собир на Мерцедеси, Убави Ѕвезди

Овие Мерцедеси се собираат во железарница, но не заради топење