Harley-Davidson на салонот во Женева премиерно го прикажува актуелното моделско годиште на Livewire пред европската публика. Покрај мотоциклот што означува радикална пресвртница за марката, прикажани се три концепти со погон на струја. Американската мото-легенда најави дека ќе започне со нарачки за Livewire во април. Испораките во повеќето европски држави и во Канада ќе следат наесен. Американските купувачи веќе оставаат капар за Livewire.
Harley-Davidson ги објави техничките податоци за електричниот мотоцикл. Спринтот до темпо сто ќе трае само три секунди, додека крајната брзина изнесува 177 km/h. Досегот со полна батерија изнесува до 225 километри. При користење брз полнач, батеријата се полни целосно за еден час.
https://photos.app.goo.gl/DPeLBVfPewYm9q7P6
Livewire е опремен со системот Electronic Chassis Control (ECC), кој ги користи сензорите на АВЅ, контролата на тракција и контролата за брз старт, со цел силата на сопирање на предното и задното тркало да се приспособи според испораката на вртежен момент до задното тркало. Назад работи моно-амортизер Showa BFRC (Balance Free Rear Cushion Light), со комплетни можности за дотерување. Предното тркало го води вилушка Showa SFF-BP (Separate Function Fork – Big Piston).
https://photos.app.goo.gl/o4FM42HjXFGPg5Y77
На некои пазари, Livewire е опремен со H-D Connect, кој преку стандард LTE овозможува поврзување со мобилна апликација на Harley-Davidson. Цената за австрискиот пазар, како најблизок од пазарите на коишто е достапен електричниот Harley, изнесува 33.390 евра.
Покрај Livewire се изложени два лесни концептни мотоцикли, кои имаа светска премиера на саемот ЦЕЗ во Лас Вегас. Третиот експонат е детски електричен велосипед, изработен од компанијата Stacyc, којашто неодамна беше преземена од Harley-Davidson.
Harley-Davidson има електричен мотоцикл
Трамп бесен на Harley за одлуката да произведува надвор од САД
Harley-Davidson сели производство поради европските царини
Harley-Davidson бара практиканти за да им подари мотоцикл
















