за

Трамп бесен на Harley за одлуката да произведува надвор од САД

harley-davidson seli proizvodstvo

Harley-Davidson најави дека ќе пресели дел од производството од САД, заради избегнување на новите царини во ЕУ. Трамп се закани: „Ќе плаќате данок како никогаш досега“

Американскиот претседател му се закани на Harley-Davidson со големи казни, поради најавата за преселување на дел од производството надвор од САД. Легендарната марка мотоцикли планира на тој начин да ги избегне високите царини коишто ги воведе ЕУ, како заштитна мерка во трговскиот конфликт. Трамп вообичаено реагираше преку твитер: „Harley не смее да се произведува во друга држава.“ Тој напиша дека доколку производителот на мотоцикли го реализира планот, тоа ќе значи „почеток на крајот“. На тоа следеше и заканата: „Ќе плаќате данок како никогаш досега!“

Трамп пред неколку денови ја исмеваше компанијата Harley-Davidson и ја обвини дека царинската политика ја користи само како образложение да го пресели производството од САД. Производителот на мотоцикли уште пред повеќе од една година најави дека ќе гради фабрика во Тајланд. Но, Harley тогаш не ги спомна царините како причина за потегот. Целта е да се зголеми присуството на марката на азиско-пацифичкиот пазар. Претседателот на САД во тоа време беше голем фан на марката. „Вие сте нашата гордост! Made in America, Harley-Davidson“, одушевено коментираше Трамп, по тогашниот прием на претставници од компанијата во Белата Куќа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

почитување на безбедното растојание

Безбедното растојание при возење не смее да се потценува

Opel Grandland X Namibija

Opel трикратно ќе ја зголемува продажбата во Украина