Volvo V60 достапен како демо возило во салонот во Скопје

Volvo_V60_demo-premium-ags-makedonija

Македонскиот увозник за Volvo го додаде новото комби од средната класа V60 во гамата од модели што се достапни за пробно возење. Станува збор за моделска изведба што има солидни корени во традицијата на шведската марка.

Во салонот на увозникот за Volvo за Македонија, на познатата локација во низата по салонот на Kia Motors и продажниот комплекс на Електрометал, достапен е нов модел за пробно возење, кој им значи многу на познавачите и љубителите на марката. Volvo V60 имаше светска премиера под слоганот „Создаден за генерации“ и клиентите во Македонија сега ќе имаат можност да се уверат во тоа.

Основната моделска изведба на конкурентот на Audi A4 Avant и Mercedes C-Class T-Modell чини 47.300 евра, со дволитарски дизел со моќност од 150 КС.

Пробно возење може да се закаже онлајн на: https://premiumags.volvocentar.mk/test_drive

Наскоро се отвора новиот центар на Volvo, изграден според светски стандарди

Увозникот Премиум АГС соопшти дека изградбата на новиот центар за Volvo е во завршна фаза и наскоро ќе следи официјално отворање на првиот салон на марката во Македонија, кој е изведен според актуелните стандарди на Volvo. Тоа ќе овозможи Македонија да добие рамноправно место на светската мапа на Volvo и да ги пречекува потенцијалните клиенти во модерен простор со препознатливиот идентитет на шведската премиум марка.

https://photos.app.goo.gl/uwsvFZYq5u1nDG1Y7

Уште е во тек повикот кон сите возачи на автомобил од марката да го посетат постоечкиот центар на Volvo и да добијат бесплатен преглед и компјутерска дијагностика.

Автомобилите на Volvo по 2020 година ќе возат најбрзо 180 km/h

Освежување за Volvo XC90 и подостапна хибридна изведба

Хибридна навала во Volvo: Цела моделска понуда под напон

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum

Претходна објаваHarley-Davidson ги отвора нарачките за електричниот Livewire во април
Следна објаваBMW со салонско деби на серијата 7 и со армада хибриди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here