Швеѓаните го користат моделското освежување на знаменосецот XC90 за претставување на новата погонска изведба под ознаката „B“. Станува збор за едноставен, но делотворен хибриден погон, таканаречен благ хибрид, кој постигнува голема заштеда при градско возење
Volvo воведува нова ознака којашто се однесува на погонот. Покрај T за бензинците, D за дизелите и додатокот Twin Engine за изведбите со плагин хибриден погон, на шведските автомобили во иднина ќе се појавува и буквата B. Новата погонска варијанта е благ хибрид, кој во основа се состои од стартер-генератор, мала батерија и систем за повраток на енергијата при сопирање.
https://photos.app.goo.gl/ZRutqzo3hFN5tkHg6
Кусо за новите погонски изведби „B“: Енергијата при сопирањето се користи за полнење на релативно малата 48-волтна батерија, којашто испорачува електрична енергија за стартер-генераторот при поаѓање на возилото или при умерено забрзување. Тој „електро-буст“ трае релативно кусо, но сосем доволно да се постигне заштеда, којашто според производителот изнесува околу 15 проценти. Профитира и комфорот при стартувањето на моторот, затоа што стартер-генераторот работи речиси неосетно.
https://photos.app.goo.gl/QfzezzHYKLUXProQ8
Тоа е уште еден чекор на Volvo во најавата дека ќе понуди изведби со електрифицирана погонска спрега во сите моделски серии. Кај СУВ-знаменосецот XC90, отсега на располагање ќе стојат три верзии во коишто се „вмешува“ струја. Покрај постоечкиот T8 Twin Engine, во иднина ќе се нуди B6 во комбинација со бензински мотор, како и B5 во варијанта со дизел или бензинец.
Швеѓаните повторно поставуваат нов тренд, со можноста за избор на волна во ентериерот на Volvo XC90, место класична кожа
Мали се промените во изгледот на крстосувачот на висока нога, односно тие се однесуваат главно на нов дизајн на бандажи и нови бои за каросеријата, но и нова маска. Новитетите во кабината се сведуваат на можноста за избор на неколку различни распореди на седиштата. Покрај досегашните конфигурации, почнувајќи од Volvo XC90 Excellence со четири патници и двете стандардни изведби со шет и седум седишта, новитет е ентериер со шест седишта.
https://photos.app.goo.gl/AbNjTRsXTsxkGT4p7
Системите за самостојно запирање при опасност од судир и за предупредување при возило во мртвите агли отсега активно зафаќаат во управувањето. Од XC60 пристига систем што реагира кога налетува возило од спротивната насока, а системот за предупредување при приоѓање во кртосница отсега може и самостојно да го запре возилото.
Производството на освеженото моделско годиште ќе стартува во Торсланда во мај. Од пазарниот старт на Volvo XC90 во 2015 година, досега се продадоа повеќе од 320.000 примероци низ светот.
Нордиска комбинација: Volvo V60 Cross Country
Geely со техника на Volvo до сопствена верзија на BMW X4
Volvo со рекордна година и првпат над 600.000 возила
Volvo стартува со акциска понуда за своите теренски модели
















