за

Нордиска комбинација: Volvo V60 Cross Country

Volvo V60 Cross Country

Долго пред теренските возила да се здобијат со комфор на лимузина и да го започнат незапирливиот бран на СУВ-возила, Volvo уште во 1997 година претстави различна изведба на комбито V70, со погон на сите тркала и зголемено растојание од подлогата, под името Cross Country. Во меѓувреме и конкуренцијата ја прифати идејата, така што на Швеѓаните им парираат Audi Allroad, VW Alltrack, Opel Insignia Country Tourer или Mercedes E-Class Allterrain.

За овие дваесетина години, Volvo продаде 800.000 примероци од своите модели Cross Country. Семејните комби модели се покажаа како добар бизнис, па затоа и не чуди што само шест месеци по премиерата на стандардното комби V60 следи неговата верзија Cross Country.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Фанатиците по класичните теренци ќе негодуваат дека станува збор само за козметички измени на каросеријата, од типот на сменета маска, заштита на арките на крилата и на праговите, темен додаток во задниот браник со јасно видлив знак Cross Country и за посебно дизајнирани бандажи од 19 инчи со пет краци. Но, целиот овој пакет долг 4,78 метри и широк 1,85 метар поседува и теренски квалитети: Варијабилен погон на сите тркала и најмалку 21 сантиметар растојание од подлогата. Тоа е исто колку кај повеќето СУВ-модели. Но, тие не се Volvo.

Шведски погон на сите тркала стандард, заедно со многу опрема и многу коњски сили

Комбито со високи потпетици стандардно располага со помош при поаѓање на нагорнина и спуштање по надолнина. Единственото што отсуствува се блокади на диференцијал или редукција, но освен два три класични теренци од ковот на G-Class, овие теренски алатки денес ретко кој ги нуди.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Поентата во овој теренско-лимузински концепт е во тоа што возилото нуди и лежерност. Врвната изведба Cross Country Pro го користи како основа највисокото ниво на опрема Inscription и нуди чиста и дотерана внатрешност во беспрекорен скандинавски стил. Кожа на седиштата е стандард, заедно со специјална изработка на штеповите.

Безбедносните системи на Volvo буквално не оставаат да падне прашина врз возилото; Или да им фали влакно од глава на патниците

Не отсуствуваат и инфо-забавен систем Sensus Connected со „таблет“ од девет инчи и пристап на интернет, диодни светла и спомнатите бандажи од 19 инчи. Како опција се нуди заден капак кој го отвора багажникот од 529 литри со замавнување со стопало. Наспроти тоа, верно на традицијата на Швеѓаните, повеќето безбедносни системи за асистенција се вградуваат како стандард.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Под хаубата има избор единствено меѓу дизелот D4 со 190 КС и бензинецот T5 со 254 КС. Во двата случаи станува збор за дволитарски мотори со турбонатполнење и директно впрскување, во комбинација со осумстепен автоматски менувач.

Колку што Cross Country се посветува на теренско возење, толку R-Design работи на спортските гени на Volvo V60

Заедно со новиот V60 Cross Country, шведскиот производител ја стартува и варијантата R-Design. За разлика од комбито со теренски аспирации, оваа варијанта е повеќе ориентирана кон спорт. Подвозјето е спуштено за 15 милиметри, во комбинација со спортско подвозје. Неколку стилски додатоци му обезбедуваат препознатлива појава на V60 R-Design. Секако дека највпечатлива е сината металик боја, којашто е резервирана за оваа варијанта за спортското ниво на опрема.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Повеќе избор има и под хаубата. Тука понудата почнува со D3 со 150 КС, а на располагање стојат и две изведби со плагин-хибриден погон: T6 Twin Engine AWD со системски 340 КС и T8 Twin Engine AWD со 390 КС. Во електричен модус, батеријата на „Twin Engine“ испорачува енергија за четириесетина километри. Тоа е повеќе отколку дневниот просек на европскиот возач.

Цените за македонскиот пазар уште не се објавени, но затоа нашиот тест на Volvo XC40 секогаш е добро четиво.

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum

Volvo со рекордна година и првпат над 600.000 возила

Volvo стартува со акциска понуда за своите теренски модели

Од комби-мајстор до специјалист за СУВ: Volvo заведува со 90-60-40

Volvo 850 го прославува 25-от роденден

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

alfa romeo 8c 2900 b touring berlinetta

Alfa Romeo купена за десет илјади, продадена за 16 милиони евра

Ford Focus ST 2019

Кога Ford Focus добива мотор од Mustang станува Focus ST