Има решение за сите оние немирни спијачи, кои го сакаат целиот брачен кревет само за себе. Поточно, решението е за оние чијшто сон го нарушуваат првиве. Техничарите на Ford пронајдоа инспирација во системот за следење лента во автомобилите
Партнерите кои цела ноќ се превртуваат во сон и го сакаат целиот простор за себе, честопати им ги одземаат вредните часови за починка на оние што го делат креветот со нив. Ford најде решение за тој проблем, а тоа не е замена на партнерот. Решението е кревет со систем за задржување во лента. Името звучи познато и тоа не е случајно.
Положбата при спиење некогаш ја менуваме и до 20 пати
Техничарите се инспирираа од системот кој го предупредува возачот, кога без пуштен трепкач ја прегазува лентата на патот, поради невнимание, замор или непочитување на правилата. Фунционирањето е слично. Кога сензорите за притисок во креветот ќе регистрираат дека некој од партнерите преминува во половината на другиот, тогаш вклучуваат еден вид „подвижна лента“ што го враќа партнерот во неговата половина од креветот.
https://photos.app.goo.gl/YaHu6pEmZXjDFmVM6
Овој кревет е дел од серијата проекти во кои се користи автомобилска техника при надминување на проблемите во секојдневието, или во овој случај, во ноќите. Ford моментно нема планови да го пушти овој кревет во продажба.
https://youtu.be/yfSYjbODGUc
Лимузински Ford Focus со 536 литри багажник почнува со продажба
Тест: Ford Focus 1.0 125 КС Titanium Business
Хибриден погон го ослободува и Ford Mondeo од плаќање акциза
Ford Transit доби нов бројач по 999.999 километри
















