Volkswagen T-Roc со најголем пораст во продажбата лани

Volkswagen T-Roc prodazba

Volkswagen го потврди лидерството на европскиот пазар, како една од петте марки со најголем пораст во продажбата лани. Голема заслуга за тоа има компактниот СУВ-модел врз база на Golf. Со 143.000 продадени примероци, Volkswagen T-Roc е моделот што најмногу напредувал на европскиот пазар.

Секоја година во февруари конечно се консолидираат продажните резултати на големите автомобилски концерни, за веќе во март, да следи претставување на марките во најдоброто светло пред публиката на салонот во Женева. Кај Volkswagen е сосем извесно дека рефлекторите ќе бидат пуштени на најсилно.

https://photos.app.goo.gl/dwcqf2orzTJ7Yfnf6

Марката од Волфсбург останува неприкосновена на првото место во продажбата. Во 2018 година, Volkswagen продал 1,75 милион возила во Европа, постигнувајќи пораст од околу 3 проценти. Тоа е воедно и најдобра продажба на марката по 1999 година. Германците ја имаат својата марка на првите места во продажбата во 11 држави во ЕУ: Австрија, Белгија, Холандија, Швајцарија, Данска, Норвешка, Ирска, Словенија, Хрватска, Луксембург и Латвија. Во Германија, секако. На уште десет пазари, Volkswagen е втора најпродавана марка.

https://photos.app.goo.gl/hq8VMf4rboHVmRCf9

Главниот мотор на продажбата се моделите од СУВ-сегментот, за коишто лани се пријавиле 415.700 сопственици. Бројките се спектакуларни: Продажбата на Tiguan, Tiguan Allspace, T-Roc, Touareg, пораснала за 61% во споредба со 2017 година. Сега се придружува и најмалиот, СУВ-моделот врз база на Polo, кој дефинитивно ќе го предизвика најголемиот продажен бум на VW во овој сегмент на возила. „Порше“ уште не ги има објавено цените за Volkswagen T-Cross за нашиот пазар, но извесно е дека неговото присуство по македонските улици ќе биде впечатливо.

https://photos.app.goo.gl/d6cMrhz3SgowfDgv6

Голфот меѓу СУВ-моделите, Volkswagen T-Roc, на нашиот пазар стартува од 20.242 евра, во моделска изведба со еднолитарец со 115 КС и шестстепен мануелен менувач. Истата моќност е достапна и кај дизелот од 1,6 литар, чијашто цена изнесува 22.476 евра. Обете цени важат за основното ниво на опрема, во коешто се вклучени двозонска автоматска клима, систем за следење лента, сензори за светло и за дожд, блутут, мултифункциски волан, паркинг сензори напред и назад, магленки, потпирач за рака напред и резервно тркало во полна големина.

https://photos.app.goo.gl/6ZTZ7xYvRhAPLSkcA

Постојат повеќе можности да се внесе личен печат во изгледот и стилот на T-Roc, од типот на специјална „куркума“ боја во комбинација со покрив во контрастна боја, бандажи со впечатлив дизајн и пречник до 19 инчи, па се до пакет R-Line, кој додава спортски изглед.

https://photos.app.goo.gl/okcc9C8XfagosjGB7

Покрај основните мотори, достапни се и 1,5-литарски TSI со 150 КС и активно исклучување на цилиндрите, дволитарски TSI со 190 КС, заедно со менувач DSG и погон на сите тркала, додека понудата од дизели ја дополнува 2.0 TDI со 150 КС, кој исто така е достапен и во комбинација со погон на сите тркала.

Интересот на сцената моментно е насочен кон спортската верзија со повеќе од 300 КС, којашто верно на номенклатурата на Volkswagen ќе ја носи ознаката R.

https://www.youtube.com/watch?v=CU20DvNtkTI

Кога Volkswagen излегува на штанд со B32 и „Erdbeerkörbchen“

Електричниот Volkswagen на тајна мисија во Јужна Африка

Volkswagen ќе гради фабрика во Бугарија или Романија?

Volkswagen T-Cross: Доаѓа СУВ-моделот на база на Polo и по цена на Golf

Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI Trendline

 

Претходна објаваЛимузински Ford Focus со 536 литри багажник почнува со продажба
Следна објаваТоп 5 Најдобар избор на СУВ-модели во компакт класата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here