Volkswagen ќе произведува електрични автомобили во САД

Volkswagen електрични возила САД

Во фабриката на Volkswagen во Тенеси, во 2022 година ќе започне локално производство на СУВ-моделот со погон на струја ID. Crozz. Во тој период, германската марка планира да произведува електрични автомобили во осум фабрики ширум светот

Volkswagen ќе произведува електрични автомобили во фабриката во Тенеси, САД. За таа цел ќе бидат инвестирани 700 милиони евра, главно за проширување на капацитетите и за нови 1.000 работни места. Првиот електричен автомобил ќе се симне од производствената лента во 2022 година. Тоа ќе биде СУВ-моделот врз база на платформата MEB, којашто е наменета за идната генерација модели со погон на струја.

Вкупно осум фабрики ќе произведуваат возила врз платформата MEB во Европа, Северна Америка и Кина. Планот е до 2025 година да се достигне продукција од еден милион електрични автомобили на годишно ниво

СУВ-моделот ID Crozz ќе биде првиот модел со погон на струја од фабриката во Чатануга. Потоа ќе следи и ID Buzz, како ретро-изведба на легендарниот Volkswagen Bus. Конкретни технички податоци уште не се објавуваат, но затоа се најавува голем досег на возилата, просторна кабина, динамични возни својства и нови услуги за мобилност, овозможени преку функциите за конективност. Во Чатануга момемтно се произведуваат Atlas и американската верзија на Passat.

https://photos.app.goo.gl/VniD5udkTSZwHsbJ8

Во следните неколку години само марката Volkswagen ќе претстави повеќе од 20 модели со погон на струја. Големата моделска офанзива започнува веќе кон завршетокот на годинава со компактниот ID, кого што многумина го нарекуваат „електричен голф“ на иднината. Неговото производство ќе се одвива во фабриката во Цвикау. Марката до 2023 година ќе инвестира вкупно 11 милијарди евра во технологии на иднината, од кои девет милијарди се наменети само за електричниот погон.

Електричниот Volkswagen на тајна мисија во Јужна Африка

Volkswagen ќе гради фабрика во Бугарија или Романија?

Volkswagen со 9,92 милиони продажби до ноември

Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија

 

Претходна објаваOpel Zafira, колку си пораснала!
Следна објаваShelby GT500 е Супермустанг: Најбрзиот сериски Ford во историјата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here