Новата генерација на Kia Ceed ја доживеа својата премиера на македонската автомобилска сцена со коктел забава во скопскиот локал Портофино
Забавни тонови, убави луѓе и позитивна енергија го одбележаа пристигањето на новата генерација на Kia Ceed на македонската автомобилска сцена. Конкурентот на Golf веќе вози во својата трета генерација, по моделската премиера во 2006 година, и го прави тоа само за европската публика. За кусо потсетување, Kia го разви овој модел од компакт класата посебно за вкусот и барањата на европските купувачи. Дополнително, производството исто така е на европска почва, во словачката фабрика во Жилина, на иста линија со Sportage.
Дизајнот отсекогаш бил еден од главните адути на Ceed – сега без апостроф – како креација на Петер Шрејер, еден од највлијателните и најуспешни дизајнери во последниве децении. Според досегашната формула, добриот изглед оди заедно со просторна кабина, пристојна завршна изработка, добра функционалност, солидна моторизација и добра опрема.
Во прилог на последново, од маркетингот на Киа Моторс Македонија нагласуваат дека „Ceed со ниво на опрема Vision може да го добиете по акциска цена од 13.990 евра, а во него да уживате во богата опрема, како екран на допир, камера за возење наназад и поддршка за Android Auto и Apple CarPlay.“ Во повисокото ниво на опременост, стандардно следуваат неколку системи за асистенција, алуминиумски тркала, автоматски клима уред, почнувајќи од 15.990 евра со основниот мотор.
Две нивоа на опрема, три бензински и еден дизел мотор, два вида менувачи во гамата на новиот Kia Ceed
Понудата од погонски единици ја сочинуваат три бензинци и еден дизел. Стартот го одбележува 1,4- литарецот со 100 коњски сили, потоа следат турбо моторите, едниот со зафатнина од 1,0 литар и 120 КС, другиот 1,4-литарски со 140 КС. Единствен дизел е 1.6 CRDi со 136 КС. Постои можност за комбинирање со 7-степен менувач со двојна спојка.
Во моделската гама на Ceed, покрај комбилимузината со пет врати, спаѓаат и класичната комби-изведба Ceed SW, спортското комби ProCeed и спортската варијанта Ceed GT, којашто стартува во почетокот на следната година, со 1,6-литарски турбо со 204 КС.
[FAG id=35985]
Тест: Kia Sportage 1.6 GDi Vision 2WD
Новиот Kia Ceed пристигна во салонот во Скопје
Бестселерот Kia Sportage со залет во новото моделско годиште
Kia Sportage најдобар избор на СУВ за тинејџерите во САД


















