за

Abarth 124 Spider во новото видео на Стинг и Шеги

Abarth 124 Spider доби една од главните улоги покрај Стинг и Шеги во музичкиот спот за „Gotta Get Back My Baby”

Abarth 124 Spider има впечатлива појава во музичкиот спот на новата песна на Стинг и Шеги, насловена „Gotta Get Back My Baby“. Во продукцијата на синглот се појавуваат имињата Тефлон (Вајклиф Џин, Фет Џо, Раф Рајдерс) и Мартин Кирзенбаум (Стинг, Милен Фармер, Леди Гага). Официјалниот видеоспот само за неколку денови достигна 2,3-милионска гледаност и снимен е во стилот на легендарната серија „Пороците на Мајами“ и филмот „Лоши момци“, од периодот на 1980-те и 1990-те години. Режисер е Мишер Гарсија.

Стинг и Шеги во видеото глумат двајца детективи од Мајами, кои го убедуваат својот шеф да им го позајми „спајдерот“, односно Abarth 124 Spider, кој посебно му значи на полицискиот капетан. Детективите ја надгледуваат „најопасната дама во државата“ во подрачјето на Саут Бич.

Abarth ги користи сите свои канали на социјалните мрежи, прикажувајќи ги видеото на инстаграм, твитер, фејсбук и јутјуб.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

johnson controls акумулатори

Johnson Controls го продаде бизнисот со акумулатори за 12 милијарди евра

Kia Ceed premiera MK00001

Kia со забава за пречек на новиот Ceed