Норвешка и Италија се поврзуваат со 180 супербрзи полначи за струја

полначи за струја

Европската компанија за електродистрибуција EON и данската компанија за електромобилност Clever ќе поставуваат мрежа од 180 супербрзи полначи за струја во седум држави.

Во седум европски држави ќе се поставуваат 180 супербрзи полначи во следните три години. Со заедничката мрежа на компанијата за електродистрибуција EON и данскиот оператор со полначи за струја Clever ќе се покрие целата должина на патната магистрала од Норвешка до Италија. Европската Комисија одобри 10 милиони евра финансиска подршка за проектот.

Со 180-те полначи се одбележува почетокот на изградбата на мрежа којашто ќе ја покрива целата територија на Европа. EON и Clever во почетокот од годинава потпишаа стратешко партнерство со цел да се постават супербрзи полначи со моќност од 150 киловати на повеќе од 400 локации. Постоечката мрежа од близу 120.000 полначи во Европа е сочинета главно од полначи со моќност од само 22 киловати. Со значително зголемената моќност на новите полначи драстично се скусува времетраењето на полнењето на батерите на електричните автомобили.

Во Германија и Данска веќе започна изградбата на новите полначи за струја

Најмногу станици за полнење струја ќе бидат поставени во Германија, по што следат Франција, Норвешка, Шведска, Велика Британија, Италија и Данска. Секоја станица ќе располага со шест брзи полначи за струја. Во Германија и Данска е веќе започната изградбата на првите станици со полначи за струја.

Претходна објаваLotus Exige Cup 430 во нелимитирано издание
Следна објаваЈужна Кореја ги казнува BMW, Daimler и Porsche

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here