Tesla Motors: Автомобилскиот пазар освоен, на ред се домаќинствата

Американскиот милијардер Илон Маск го освои пазарот на електричните автомобили, сега доаѓаат домовите. Батериите од неговите автомобили ќе се користат за напојување на домаќинството.

Калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla Motors ќе им ги продава своите батерии и на домаќинствата и на фирмите. Во нив ќе може да се акумулира енергија произведена од соларни колектори или ветерници и ќе стои на располагање за подоцнежна примена. Во пробниот период, Tesla веќе им го испорача системот на интернет сервисот за трговија Amazon, којшто располага со огромна мрежа од компјутерски централи, како и на продажната мрежа на компанијата Target.

Продажбата на батерискиот пакет со пазарно име Powerwall ќе стартува налето, по цена од 3.000 долари за основниот модел. Модулот со димензии 130 х 86 х 18 сантиметри и тежина од 100 килограми се поставува на ѕид и ќе биде на располагање во повеќе бои. Користењето на Powerwall ќе биде добредојдено и во периодите од денот кога интелигентните дистрибутивни мрежи за електрична енергија ја поскапуваат тарифата, зависно од оптоварувањето на мрежата. Батериите ќе можат да се наполнат повторно во времето на евтината тарифа. По стартот на пазарот во САД, Tesla ќе ги понуди батериите и на глобалниот пазар.

Tesla самостојно ја произведува и испорачува струјата на своите презентации

Tesla моментно гради фабрика за батерии во Калифорнија, во вредност од пет милијарди долари. Изградбата се очекува да заврши до 2020 година, со капацитет за производство на половина милион батериски пакети годишно. Според процените на амбициозниот Маск, за целата територија на САД да се снабдува со струја се потребни 160 милиони големи батерии. На презентациите на Tesla се користи исклучиво струја од батерии од сопствено производство.

Лани, специјалистот за електрични автомобили продаде 31.600 примероци од единствениот модел што го нуди, спортската лимузина Tesla Model S. Аналитичарите проценуват дека Tesla ќе достигне промет од 4,5 милијарди долари со бизнисот со батериски пакети. Партнери на Tesla во овој проект се светските гиганти General Electric и LG.

Tesla Powerwall е достапен во две изведби, со капацитет од 7 и од 10 киловатчасови. Повеќе батериски модули може да се поврзат за домаќинства со поголема потрошувачка. Гаранцијата изнесува 10 години.

tesla powerwall 1Потрошувачка на струја на уреди во домаќинството

ТВ 0,1 kWh/h

Светилки 0,1 kWh/h

Лаптоп 0,05 kWh/h

Ладилник 4,8 kWh/дневно

Машина за перење алишта 2,3 kWh за едно користење

Машина за сушење алишта 3,3 kWh за едно користење

Претходна објаваОва се случува кога нема да позајмите цигара на дама
Следна објаваПо патот на Тарга Флорио: Сицилијанското потекло на Porsche 911 Targa

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here