Ова се случува кога нема да позајмите цигара на дама

На бензинска пумпа во Израел се случи неверојатна незгода. Дама намерно го запали возилото на човекот што не сакаше да ѝ позајми цигара. За среќа никој не беше повреден.

Безбедносното правило на бензинска пумпа гласи: Забрането користење отворен оган, забрането користење алат што искри и шетање со запалена цигара, а особено во близина на горивото што се точи во резервоарот. Оваа дама очигледно ги познава сите правила, но само за да предизвика незгода.

Според објавата на BBC, видеото е снимено на бензинска пумпа во Ерусалим. На видеото објавено од израелската полиција се гледа како една дама се приближува до маж што точи гориво во автомобилот. Таа го прашува нешто мажот, потоа заминува на кусо, за веднаш потоа да се врати и со запалка го пали горивото што се точи во резервоарот. Мажот рефлексно го отстранува пиштолот од резервоарот, предизвикувајќи уште поголема штета со излеаното гориво. Причина за гневната реакција на „пироманката“ е тоа што мажот на сакал да ѝ позајми цигара. По приведувањето од полицијата, таа изјавила дека станува збор за несреќен случај.

Претходна објаваДелови од 3D-печатар во тркачките болиди на BMW
Следна објаваTesla Motors: Автомобилскиот пазар освоен, на ред се домаќинствата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here