Уште пред да бидат објавени бројките за продукцијата на Тesla Model 3 во првото тромесечје, вредноста на акциите на калифорнискиот производител на електрични автомобили продолжува да опаѓа. Во март, вредноста се намали за една петина.
Акциите на производителот на електрични автомобили Tesla повторно забележаа пад на њујоршката берза, за повеќе од пет проценти. Аналитичарите на Волстрит очекуваат шефот Елон Маск во текот на неделава да ги објави бројките за продукцијата на Model 3 во првото тромесечје од годинава. Според нивните проценти, бројот на произведени возила повторно ќе биде под планираното.
Акциите веќе изгубија петина од вредноста во минатиот месец. Причината за падот е загинувањето на возач во Tesla Model X во Калифорнија, како последица од вклучениот автопилот. Покрај тоа, вредноста на акциите на Tesla опаѓа и поради намалениот рејтинг од страна на агенцијата Мудис.
Tesla Goes Bankrupt
Palo Alto, California, April 1, 2018 — Despite intense efforts to raise money, including a last-ditch mass sale of Easter Eggs, we are sad to report that Tesla has gone completely and totally bankrupt. So bankrupt, you can't believe it.— Elon Musk (@elonmusk) April 1, 2018
Tesla веќе подолго време со соочува со проблеми околу продукцијата на Model 3. До крајот на првиот квартал, продукцијата требаше да достигне 2.500 примероци неделно. Објавувањето на бројот на произведени возила се очекува со нетрпение. Според планот, продукцијата треба да продолжи да се зголемува до 5.000 возила неделно, до крајот на јуни.
Tesla без фејсбук по скандалот со кражбата на корисничките податоци
Финансиските директори си заминуваат од Tesla
Byton е последниот автомобил што ќе се споредува со Tesla
Протераниот основач на Tesla го возвраќа ударот















