за

Во Обединети Нации ќе се вози Kia

kia snabduva obedineti nacii

Kia Motors ќе ги снабдува Обединетите Нации со возила. Моделите на Kia што во иднина ќе бидат означувани како возила на ОН во светските мисии се Sorento, Rio и Forte. Корејската марка победи на тендерот на когошто учествуваа сите поголеми производители на автомобили.

Договорот е во вредност од 7 милиони американски долари и важи три години, со можност да се продолжи за уште две години. Kia ќе биде задолжена и за одржувањето и сервисирањето на возилата. Добавувачот на делови за автомобили Hyundai Mobis исто така учествува во зделката, со задача да ги снабдува ОН со резервни делови за нивните возила.

Корејскиот производител вторпат добива тендер на UNPD. Во периодот меѓу 2010 и 2015 година, двете автомобилски марки во концернот испорачаа 420 минибуси во служба на Обединетите Нации.

Новиот Kia Rio се покажа како најсилен карактер во класата

Kia Stonic е поубавата половина на Hyundai Kona

Sorento Masterpiece е прв модел од Kia поскап од 60.000 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model 3

Акциите на Tesla паѓаат и без првоаприлските шеги на Маск

калифорнија норми потрошувачка гориво

Калифорнија не ги сака „валканите“ автомобили на Трамп