за

Светот на Јура: Mercedes се враќа во кината заедно со диносаурусите

Кога диносаурусите ќе се вратат во кината, ќе се врати и Mercedes. По 22 години од оригиналот на Стивен Спилберг, пристига долгоочекуваното продолжение во трилогијата, насловено „Светот на Јура“.

Теренските возила на Mercedes ќе ги придружуваат главните ликови во нивните авантури во „Светот на Јура“. Крис Прат и Брајс Далас Хауард ќе ги гледаме во новиот Mercedes GLE Coupe во продолжението на легендарниот „Јурасик Парк“. Акциската авантура е создадена во режија на Колин Тревороу, според сценариото што тој го напиша заедно со Дерек Коноли. Со филмот, Universal Pictures и Mercedes-Benz ја продолжуваат долгогодишната соработка, којашто започна во 1997 година, со вториот филм „Заборавениот свет: Јурасик Парк“. На филмското платно светот можеше премиерно да ја види првата генерација на класата М на Mercedes, уште пред моделот да се појави на патиштата.

Највпечатлива автомобилска улога во филмот ќе има новиот GLE Coupe, чијшто пазарен старт се поклопува со првото прикажување на „Светот на Јура“ во кино салите. Посебно за оваа улога беше рачно изработен прототип од новиот спортски теренец на Mercedes со купеовска каросерија. Моделската изведба GLE 450 AMG Coupe ги прикажува динамичните својства во тропската кулиса на светот на диносаурусите. За време на снимањето на филмот, коешто започна пред една и пол година, Mercedes се погрижи новиот модел да остане во тајност на сите локации, почнувајќи од хавајските острови Оаху и Кауаи, до центарот на NASA во Њу Орлеанс.

mercedes gle coupe

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Амортизерите се ‘рбетот на возилото: Проверувајте ги редовно

И папата се вози во Hyundai