Волво ја качи продажбата, електричните им се барани

Швеѓаните објавија дека малечкиот електричен СУВ-модел Е Икс 30 е главен двигател на растот во минатиот месец.

Продажбата на Волво Кар во април пораснала за 27 проценти, на 65.838 возила, поттикната од побарувачката за целосно електрични и приклучни хибридни модели, соопшти шведскиот производител во понеделникот.

Финансиран од кинескиот холдинг Џили, Волво соопшти дека продажбата на моделите со целосно електричен погон во април пораснала за 94 проценти. Возилата на батерија учествувале со 26 проценти во светската продажба на Волво во минатиот месец.

Во Европа, најголем пазар на Волво, продажбата е зголемена за 65 проценти во споредба со истиот месец лани. Вкупно се продадени 34.238 возила, со Е Икс 30, електричен СУВ-модел од градската класа, како главен двигател на растот на продажбата.

За десет проценти напредувал и пазарот во САД, за што главна заслуга има продажбата на модели со приклучен хибриден погон, што постигнале раст од 89 проценти.

Во Кина, пазарот за шведската марка опаднал за три проценти во споредба со април лани.

Волво Е Икс 30 во минатиот месец доживеа и голема премиера на македонскиот пазар. Во моментов, шведскиот СУВ од градската класа е единствен модел со батериски електричен погон во премиум сегментот.

Претходна објаваБез патарина од Велес за Скопје невозможна мисија и во 2024
Следна објаваФранција ќе дозволи кинески БИД да гради фабрика за автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here