Франција ќе му посака добредојде на кинескиот гигант во производството на електрични возила БИД, во случај компанијата да реши фабриката да ја лоцира во земјата, кажа минисерот за финансии Бруно Ле Мер.
„Франција ги поздрадува со добредојде сите индустриски проекти. БИД и кинеската автомобилска индустрија се топло добредојдени во Франција,“ кажа Ле Мер на средбата со претставници од автомобилскиот сектор во понеделникот.
Ле Мер ја посочи фабриката на Тојота во Франција, како пример дека земјата ги почитува странските вложувања.
Министерот го кажа тоа во време кога кинескиот претседател Си Џинпинг е дојден во државничка посета на Париз.
Си првпат беше во Европа по пет години, додека расте затегнатоста во односите во бизнисот и постои стравување дека Кина може да ја преплави Европа со евтини кинески електрични автомобили.
Првата фабрика за патнички автомобили на БИД во Европа треба да отпочне со производството во Унгарија, во почетокот на 2026 година. Фабриката располага со капацитет за 150.000 возила годишно, со можност тој да се зголеми двојно доколку пазарот одговори со соодветна побарувачка.
Кинеските производители бараат начини да ја зајакнат продукцијата во Европа, во време кога Унијата има намера да ја зголеми тековната увозна царина за кинеските возила од 10 проценти, на многу повисока стапка, односно да воведе казнени царини.
ЕУ отпочна истрага дали Пекинг ги субвенционирал домашните производители на електрични автомобили. Се очекува дека новите и повисоки царини за кинеските ЕВ ќе почнат да важат веќе во јули.
Чери Ауто планира уште во текот на годинава да отпочне со производство на автомобили од својата марка Омода, во поранешната фабрика на Нисан во Барцелона.
Липмотор, каде што концернот Стелантис располага со 21% удел, истражува можности за своите автомобили да ги произведува во некоја од фабриките на концернот во Европа.