за

Порше Тајкан Турбо ГТ ќе ја чува безбедноста во Формула Е

Сé е исто како во нормалниот свет: Порше, Турбо, Формула. Единствено е различно тоа што тука сé е електрично.

Со двете нови безбедносни возила, Порше укажува дека му е посебно важно присуството во електричната Формула Е.

Порше Тајкан Турбо ГТ е новиот безбедносен автомобил во Формула Е. На двојната трка шпто се вози викендов, на 11-ти и 12-ти мај, во Берлин, најсилното Порше од сериско производство станува безбедносно возило во најбрзото првенство со електрични возила во светот.

Новата двојка безбедносни возила го заменува Турбо С што Цуфенхаузен го испорача за Формула Е во 2019 година. Едното возило служи како резерва и се разликува во опремата и бојата.

Томас Лауденбах, директор на Порше Моторшпорт, кажува дека „трките нé учат како да го примениме тоа во сериските возила“. Искуството од мотоспортот се покажа најважно во т.н. енергетски менаџмент. Напредокот што е постигнат во новото моделско годиште на Тајкан се темели токму врз тие искуства.

Тајкан Турбо ГТ има програма за напад

Новиот Тајкан е посилен и вози подолго, па дури и полни побрзо. Во март, Турбо ГТ ја круниса гамата на електричниот Тајкан. Тоа место му е заслужено, со рекорди на Нирбургринг и Лагуна Сека. Со доплата за пакетот Вајсах, спринтот до темпо сто се сведува на 2,2 секунди, а крајната брзина се продолжува до 305 км/ч.

Посебност е „атак модот“, во којшто на кусо се обезбедува дополнителна моќност од 120 кВ. Тоа е техника што доаѓа непосредно од Порше 99Икс Електрик, возилото со коешто германската марка вози во првенството во Формула Е.

Дизајнерски фолии со сериски бои

Во Формула Е првпат ќе се користат две варијанти на безбедносниот автомобил: Едната варијантга е Тајкан ГТ во скапоцената боја „пурпурно небесна металик“ и со пакет Вајсах, што значи без задна клупа, коешто ќе биде главно возило. Како помошно возило служи втор Тајкан ГТ во „шејд грин металик“, со четири седишта и без пакет Вајсах.

Преправките на возилата за трка ги направи специјалистот за тјунирање Порше, Мантеј, со седиште во Нирбургринг. Промените се однесуваат само на ротациските светла и електриката за нив, радио врска и противпожарен апарат. Пилот и натаму е Португалецот Бруно Кореиа.

Ова е петта сезона на Порше во Формула Е. Два тима се тркаат со Порше, фабричкиот ТАГ Хоер Порше Формел Е, и Андрети Формула Е од САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Франција ќе дозволи кинески БИД да гради фабрика за автомобили

Киа уште годинава ќе додаде трет електричен модел во понудата