за

Лимузината на Путин ќе се произведува во поранешната фабрика на Тојота

Во поранешната фабрика на Тојота ќе отпочне производството на руските претседателски лимузини. Аурис Сенат е службениот автомобил на Путин.

Претседателот Путин пристигна на свечената инаугурација во Кремлин во лимузина Аурус.

Русија годинава ќе почне со производство на луксузните автомобили од марката Аурус, коишто ги користи Претседателот Владимир Путин, во поранешната фабрика на Тојота во Санкт Петерсбург. Големата најава доаѓа од заменик премиерот Денис Мантуров.

Аурус Сенат во дел се потпира на стилот на лимузините ЗИЛ од советската ера. Тоа е службениот претседателски автомобил, со којшто Путин пристигна на неговата инаугурација во Кремлин, во вторникот.

Путин во февруари му подари едно возило на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Изјавата на Мантуров ја пренесе руската државна агенција ТАСС. Заменик премиерот кажа дека намерата е производството во фабриката во Ст. Петерсбург да стартува пред завршетокот на годинава. Поранешната фабрика на Тојота веќе подолго време е предадена во сопственост на Аурус.

Тојота во март лани ѝ ја префрли сопственоста на фабриката на државната компанија НАМИ, којашто располага со главнински удел во акциите на марката Аурус.

Аурус Моторс во 2021 година почна да ги произведува своите автомобили во руски Татарстан, на оддалеченост од околу 1.000 километри од Москва.

Русија изнаоѓа начини да ги користи фабриките што останаа да мируваат, откако дел од светските производители се повлекоа од рускиот пазар. Тоа се случи по воведувањето санкции од Западот кон руската држава, откако Путин во февруари 2022 година испрати трупи во Украина.

Според руската агенција Аутостар, годинава на рускиот пазар се продадени 40 возила од марката Аурус.

Моментите додека Претседателот Путин се упатува кон својата службена лимузина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто евтините електрични автомобили од Кина се двојно поскапи во Европа

Новиот шеф ја донесе Тојота до рекорден профит, продажба, производство