Стартуваше производството на новата Suzuki Vitara во Унгарија

Новата Vitara се префрли едно скалило подолу и конкурира во класата кадешто постои огромен пораст во продажбата

Новата генерација на Suzuki Vitara денес стартува со производство во фабриката Ештергом во Унгарија. Почетокот на производството го одбележаа унгарскиот премиер Виктор Орбан и шефот на Suzuki, Осаму Сузуки. Во оваа година е планирано од фабриката да излезат 70.000 примероци од новата Vitara. Познатото моделско име на Suzuki со значително променета концепција во споредба со претходникот и со цена на македонскиот пазар од 14.980 евра ќе биде достапна на вкупно 70 пазари во светот.

Од почетокот на работата на фабриката на Suzuki во Унгарија се произведени 2,5 милиони возила. Со новата Vitara, Ештергом ќе добие поголема улога на светскиот пазар. До крајот на годинава е планирано унгарската фабрика да произведе вкупно 165.000 возила.

Претходна објаваНаучници развија подводен погон по пример на октопод
Следна објаваPSA Peugeot Citroen се откажува од германскиот пазар?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here