Рускиот пазар за првпат забележа пораст по две години

Ниските цени на нафтата и санкциите од Западот по заземањето на Крим доведоа до тешка економска криза во Русија. Пазарот на автомобили е во постојан пад од 2013 година, девалвацијата на рубљата направи автомобилите да станат прескапи. За првпат по две години, пазарот на автомобили во ноември забележа пораст, минимален.

Во ноември на рускиот автомобилски пазар за првпат е забележан пораст во продажбата по две години, со вкупно 132.346 автомобили. Порастот од 0,6% е минимален, но им остава простор за надеж на производителите на автомобили, откако продажбата за последен пат беше во плус пред точно две години.

Од друга страна, од почетокот на годинава во Русија се продадоа близу 1,3 милион нови автомобили или за 12% помалку отколку во истиот период лани, што укажува дека пресвртот сепак нема да се случи толку брзо. Декемвриската продажба ќе докаже дали пазарот заздравува.

Продажбата на автомобили во Русија е во постојан пад од 2013 година, поради тешката економска криза, предизвикана меѓу другото од ниската цена на нафтата и особено од санкциите од Западот по заземањето на Крим. Куповната моќ е намалена драстично поради високата инфлација и девалвацијата на рубљата во однос на еврото, што предизвика големо поскапување на автомобилите.

Лани продажбата опадна за 36% во споредба со предминатата година, што беше најголем пад од почетокот на кризата.

Десетте најпродавани модели во Русија до ноември

Девет од десетте најпродавани модели на рускиот пазар на автомобили се произведуваат локално, но од август и Toyota RAV4 стартуваше со производство во Ст. Петерсбург, така што целата „топ 10“ продукција веќе може да се води како домашна.

# Марка и модел Продажба јан-ное ‘16 Промена во број на возила
1 Hyundai Solaris 82.338 -24.171
2 Kia Rio 79.633 -9.287
3 Lada Granta 78.953 -29.700
4 Lada Vesta 48.160 +46.412
5 Volkswagen Polo 43.390 +2.643
6 Renault (Dacia) Duster 40.105 +1.480
7 Toyota RAV4 28.445 +4.754
8 Chevrolet Niva 26.727 -1.623
9 Renault (Dacia) Logan 26.541 -11.213
10 Lada Largus 26.460 -9.468

 

Претходна објаваВака изгледа производството на мотоциклите на Ducati
Следна објаваRinspeed знае најдобро како ќе се вози во иднината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here