Rinspeed знае најдобро како ќе се вози во иднината

Дури и најкреативните замисли од дизајнерските одделенија на производителите на автомобили изгледаат здодевно покрај визиите на Швајцарецот Франк Риндернехт. Негова последна креација е Rinspeed Oasis, како еден вид предимензиониран паметен телефон, со фотелја и софа како прибор, кој сосема случајно има и тркала. И претставува сензација.

Кога станува збор за иднината на автомобилизмот, веројатно не постои човек што има поточни визии од Франк Риндернехт и неговата сонувачница Rinspeed. Секоја година Швајцарецот ги прикажува своите последни визии на салонот во Женева. Во меѓувреме, автомобилизмот поаѓа по изменети патишта и Rinspeed повеќе внимание му посветува на саемот на електроника во Лас Вегас.

Во следниот месец, таму ќе пристигне Oasis, последниот концептен автомобил од швајцарската работилница, којашто меѓу другото работи и на тјунинг на Porsche. „Оаза“, затоа што Хер Риндернехт ја гледа околу себе бесмисленоста, во забетонираните градски средини да преживуваат само големи теренци, тешки неколку тони. Неговиот Oasis е чиста спротивност, малечок и подвижен автомобил – со вистинска мини-градина под ветробранот. Со мала доза швајцарски хумор, тоа се нарекува „mobile urban gardening“.

rinspeed oasis 7

Двоседот со големи површини под стакло изгледа како современа интерпретација на роботската ѕвезда од „Војната на ѕвездите“, R2D2. Специјална техника од добавувачот ZF, со електромотори

вградени веднаш покрај тркалата и со голем агол на завртување на тркалата, Oasis може да заврти речиси во место. Не отсуствува ниту „torque vectoring“, односно различна распределба на вртежниот момент меѓу одделните тркала.

Oasis е 23-от концептен автомобил од Rinspeed

Rinspeed не пропушта да го исмее Google Car, когошто го смета за „сив глушец“, а својот Oasis го гледа како возило од следната генерација. Швајцарците имаат право да критикуваат, Oasis сепак е нивниот 23-ти концептен автомобил.

За градината: Во вистинската почва во површината од кокпитот под ветробранот се препорачува одгледување ротквици, а може да се негува и бонзаи. Има дури и малечка саксија за понесување надвор од возилото. Хер Риндернехт вистински го осмислил просторот во кабината како дом, со фотелја, софа и ТВ. Соодветно се избрани и материјалите, претежно кожа, некаде и волна – па и дрвен под!

Воланот се претвора во тастатура или масичка

Врската со светот се одржува преку последната технологија на Harman, со сите можни онлајн-услуги и со 5K-дисплеј, секако заоблен. Ракувањето е преку говорни команди или гестикулација. Воланот се преклопува во еден потег и се претвора во тастатура или површина за одлагање. По потреба или расположение, Oasis може да послужи и како мобилна канцеларија.

За Rinspeed сето тоа не е доволно. Ветробранот служи како површина за проектирање на виртуелна или проширена реалност, со холографски ласерски проекции. Премиерата на Rinspeed Oasis е во јануари на саемот за електроника во Лас Вегас, а неколку денови подоцна следи и салонот во Детроит.

Rinspeed Oasis

  • Должина 3.602 mm
  • Ширина 1.917 mm
  • Висина 1.517 mm
  • Меѓуоскино растојание 2.360 mm
  • Тежина 1100 kg
  • Погон 2 електромотора x 40 kW
  • Агол на завртување на тркала / Круг на вртење 70o / 6.750 mm
  • Вретежен момент 2 x 45 Nm
  • Погон на задна оска
  • Батерија 12kWh LiFePO4
  • Крајна брзина > 130 km/h
  • Забрзување 0-100 km/h за 9,7 s
  • Досег 100 km
  • Каросерија со композитна структура и челична шасија
  • Број на патници 2

[FAG id=26650]

Претходна објаваРускиот пазар за првпат забележа пораст по две години
Следна објаваHonda отвора трета фабрика во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here