Благодарение на стратегијата „Еден модел на Ford за цел свет“ в година не само што новиот Mustang за првпат ќе пристигне во Европа, туку доаѓа и големиот спортски теренец Edge.
Во Париз е европското деби на американскиот теренец Edge, долг 4,81 метри и висок 1,93 метар. Edge е првиот модел на Ford што на европскиот пазар ја воведува технологијата на активно потиснување на бучноста во возењето, преку три микрофони што ги детектираат непријатни тонови, за потоа преку звучниците во возилото да се испушти „контра-тон“ што ги потиснува несаканите звуци. Следен новитет од оваа страна на големата бара е дводелната предна камера, којшто ја подобрува прегледноста на крстосници и при излегување од тесен паркинг, прикажувајќи го сообраќајот на попречната улица преку две камери. Отворањето на задниот капак со замавнување на стопалото под браникот е веќе стандарден систем во моделите на Ford, исто како и воздушните перници вградени во задните безбедносни ремени.
Големиот брат на Kuga од другата страна на океанот ќе се продава на европскиот пазар со дволитарски дизел со 180 КС и 400 њутнметри. На располагање стои и посилната верзија со 210 КС, 450 Nm и менувач со двојна спојка, штотуку промовирана и во новиот Mondeo.
















