Париз 2014: Кросовер во семејството на Fiat 500

Италијанците продолжуваат да го прошируваат семејството на Fiat 500. Последната верзија е кросовер во класата на Renault Captur, со моделско име 500X. Основата е од Jeep Renegade.

Кросовер со италијански дизајнерски потпис е тоа што недостигаше да внесе свежина во популарниот сегмент. Fiat 500X е развиван заеднички со новиот Jeep Renegade, но во споредба со него, повеќе е ориентиран кон урбано парадирање, отколку за автомобилски вратоломии по теренот. Повеќето изведби се достапни со погон само на предната оска, додека погонот на сите тркала и новиот деветстепен менувач се резервирани за посилните и поскапи модели. Палетата на мотори за кросоверот долг 4,25 метри се движи во дијапазон на моќност од 95 до 170 КС. Повеќе детали за Fiat 500X можете да прочитате тука.

Претходна објаваПариз 2014: Peugeot 308 GT
Следна објаваПариз 2014: Ford Edge в година пристига од оваа страна на Атлантикот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here