Новиот Kia Sportage уловен на тестирање во Кореја

Шпионската фотографија е со лош квалитет и го прикажува само задниот дел, но доволно е да се насети радикалната промена во стилот на Kia Sportage

Kia штотуку ги објави цртежите од новиот Sportage, но вебот е чекор понапред. Sportage без какво било маскирање на каросеријата е фатен на тестирање на автопат во Кореја. Премиерата е веќе во септември.

Конкретниот изглед на идната генерација на Kia Sportage веќе е познат, иако корејската марка синоќа ги објави само цртежите што го наговестуваат дизајнот на компактниот теренец. Фотографиите направени при случајна средба на автопат со новиот Sportage го откриваат само изгледот на задниот дел од возилото, но и тоа ќе биде доволно да се насети дека станува збор за порадикална стилска промена и уште поубедлив настап на популарниот модел пред конкуренцијата.

Премиерата на моделот е во средината на следниот месец на салонот во Франкфурт. Повеќе за четвртата генерација на Sportage можете да прочитате тука.

https://youtu.be/iV5-r0fjvNM

Претходна објаваЧетвртата генерација на Kia Sportage пристига на салонот во Франкфурт
Следна објаваИдната генерација на BMW M3 ќе вози со хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here