Тенкови за јавните личности

Цена од 1,2 милион долари, струјни удари за крадци и паника за возачите на нормални автомобили: Откако згасна култната марка Hummer, ѕвездите и ѕвездичките во Холивуд се префрлија на дрски малосериски монструми што изгледаат како тенк. Од Канада доаѓаат монструмските теренци „Knight XV“ и „Evade“. Првиот веќе се има појавено и во филмот „Брзи и бесни“. Покрај заштитата од оружени напади, овие квази тенкови нудат и заштита од кражба и од папараците. По желба на нарачателот, возилото може да испушта струјни удари кога несакани гости ќе посегнат по кваките.
Страв од терористички напади
Летонското претпријатие Dartz Motors го произведува „железниот дијамант“ чија што цена изнесува 1,2 милион долари. Слични фирми работат блиндирање и на обични теренци. Texas Armoring годишно произведува 300 такви возила, а интересот за нив постојано расте. Клиенти доаѓаат и од Источна Европа, Јужна Америка и од Југоисточна Азија. Економските кризи очигледно се време кога овој бизнис цвета. Многумина се чувствуваат несигурно, особено по серијата оружени напади во САД.















