за

Најбудалестите автомобилски приказни во 2013 година

BMW Isetta како драгстер со 730 КС

1

Во 1959 година, BMW Isetta возеше како во забавен филм. Двоседот со едноцилиндарски мотор од 245 сантиметри кубни имаше на располагање само 12 КС. Забрзувањето до 80 km/h траеше 40 секунди, а тоа беше и блиску до крајната брзина на возилото. Американскиот колекционер Брус Вајнер има малку поразлична Isetta. Во неа работи 8,2-литарски BigBlock-V8 од Chevrolet со 730 КС.

Пламени излегуваат од издувот

Екстремната Isetta со име „Whatta Drag“ не само што изгледа како играчка, туку и потекнува од играчка. Брус Вајнер, сопственик на уникатен музеј за моделчиња на автомобили, толку се фасцинираше од оригиналот на Hot-Wheels што нарача тој да се изработи во природна големина. Предната оска потекнува од BMW M3, а целото возило се потпира на рамка од челични цевки. Од издувот изглегуваат пламени долги неколку метри, како што доликува на вистински драгстер.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВИДЕО • Вака се обива автомобил за 10 секунди

Toyota по шести пат најквалитетна марка според Auto Bild