за

Најбудалестите автомобилски приказни во 2013 година

НАСА доби вселенски брод од Капетан Кирк

10

Сценариото е следно. „Галилео“, како што е името на малечкиот шатл на вселенскиот брод Ентерпрајз, мора да приземји на планетата Таурус 2 што и Бог ја има напуштено. На тоа место никој претходно не стапнал, ниту пак посакал да стапне. Така почнува епизодата „Принудно приземјување на Галилео 7“ од култната серија „Вселенскиот брод Ентерпрајз“ од 1967 година. Истражувачите на вселенета во следните сцени се борат против мајмуновидни пралуѓе. Спок, Скоти и дружината во последна секунда се спасуваат на бродот. Шатлот Галилео на крајот согорува во атмосферата на планетата.

Љубителите на серијата го реставрираа Галилео до најситен детал

Шатлот ужива култен статус меѓу љубителите на серијата. Се разбира дека станува збор за нефункционална макета која служеше само како филмска кулиса. Најтврдокорните љубители на серијата го пронајдоа шатлот во состојба пред распаѓање, го реставрираа до последната завртка според сцените од епизодата и на крајот го подарија на НАСА. Сега секој љубител на вселената може да го види Галилео во Центарот за астронаутика во Хјустон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВИДЕО • Вака се обива автомобил за 10 секунди

Toyota по шести пат најквалитетна марка според Auto Bild