Кокошките играат за Mercedes

Mercedes имаше повеќе среќа со овој спот. Подвозјето „Magic Body Control“ на новата класа Ѕ користи стереокамера за снимање на нерамнините во подлогата. Снимката се обработува преку брз процесор и потоа се одредува како амортизерот на секое тркало најдобро да се намести за нерамнината што претстои на патот. Креативците ангажирани од Mercedes смислија соодветен спот за тоа: Кокошки играат на хитот „Upside Down“ на Дајана Рос, а всушност ги движат човечки раце во бели нараквици. За сето време, кокошките гледаат спокојно во камерата. Истото го прави и волшебното подвозје на Mercedes. Само тркалата и подвозјето се движат преку нерамнините, додека каросеријата продолжува да се движи смирено како да лебди врз патот, без патниците да почувствуваат нешто.















