Смееше ли Mercedes да го убие малечкиот Хитлер?

Ова беше еден од најконтроверзните спотови. Лимузина од класата С на Mercedes, опремена со систем за автоматско запирање при опасност, вози во магла и влегува во едно австриско село. Деца играат на улица и не го забележуваат автомобилот, но тој запира самостојно и ја избегнува катастрофата. По кусо време се повторува сцената, но овојпат се случува несаканото. Автомобилот продолжува и удира во детенцето, чија што мајка избезумена го извикува неговото име, Адолф. Потоа лимузината минува покрај таблата на излез од селото, на која што пишува „Браунау ам Ин“. На крајот на спотот се појавуваат името на системот „Collision Prevention Assist“ и слоганот: „Ги препознава опасностите пред истите да се создадат“.
Mercedes збесна од спотот
Тоа што првин изгледа како официјален спот на Mercedes всушност е дело на студенти од една филмска академија. Спотот предизвика бурни реакции, доби и награда за филм. Mercedes беше најнесреќен и излезе со соопштение: „Убедени сме дека е несоодветно смрт на човек, односно на дете, како и содржини во врска со националсоцијализмот, да се користат во рекламен спот, без разлика што во случајов се работи само за фиктивен рекламен спот.“















