Најлуксузната луксузна јахта на светот

Оваа јахта како да потекнува од филм од научната фантастика, како тркачки глисер Riva да се сродил со Ferrari. „Егзибиционистот“ на шведскиот дизајнер Едуард Греј изгледа како суперспортски болид што плови по вода.
Недостига само уште купувач што ќе биде доволно богат
Тримаранот има само една намена, тој треба да ги засени сите. Во исто време, ова водно прибежиште за милијардери го има и најексклузивниот авто салон на светот. Луксузниот пливачки хотел од 75 метри располага со изложбен простор за најскапи автомобили. Нивното дизајнирање е воедно и работа на господинот Греј. Единствен проблем е тоа што недостига уште доволно богат купувач. Суперјахтата за автомобилски ентузијасти плива само како скица на компјутерот на Швеѓанецот.















