Светскиот авто-гигант ќе настапи со дури 50 возила од своите 12 марки на салонот AUTOmobil, којшто почнува во следниот викенд во Хановер.
За разлика од класичните салони на автомобили, на AUTOmobil ќе биде прикажана комплетната разновидност од модели што ги нуди концернот Volkswagen. Покрај автомобилските модели, на штандот ќе бидат изложени и доставни возила и камиони, како и мотоцикли од марката Ducati. Во концернот Volkswagen припаѓаат вкупно дванаесет марки: Volkswagen патнички возила, Volkswagen комерцијални возила, Audi, Bentley, Bugatti, Ducati, Lamborghini, Porsche, Seat, Škoda, MAN и Scania.
AUTOmobil во оваа година по третпат се одржува во Хановер, директно по завршувањето на годишното собрание на Volkswagen, почнувајќи од 9-ти мај.
















