за

Двајца Кинези украле цел пат во должина од половина километар

Кражбата на автомобили е работа за аматери. Умешните крадци играат на многу поголема карта. Двајца Кинези украле цел пат во должина од 410 метри во кинескиот Нантонг. Целата операција траела само два дена.

На овие двајца крадци мора да им се признае едно. Трудољубивоста. Место да украдат нешто во што ќе седнат и ќе се одвезат во непознат правец, тие се решиле за тешка, долга и „невозлива“ улица. Како што известуваат кинеските медиуми, на крадците им биле доволни само два дена да ги извадат, натоварат и на крај да ги транспортираат бетонските плочи. Потоа требало да се најде само уште купувач за жешката стока, што потрајало малку подолго, за веднаш потоа полицијата да ги уапси сторителите.

Пленот тежок 630 тони пренесен со еден камион во само два дена

„Жрвата“ на кражбата била уште млада и неискусна. Споредниот пат во провинцијата Јиангсу бил пуштен во работа во 2008 година и се наоѓал во одлична состојба. Тоа ги збунило и жителите на Нантонг, на коишто им било нејасно зошто патот повторно се „отстранува“. Тие ја известиле полицијата, којашто потоа извршила истрага на местото. Во истрагата се покажало дека двајца мажи со име Гу и Јанг, за два дена транспортирале со камион 630 тони бетон од патот, без некој да се побуни. Полицијата ги открила крадците со помош на снимките од сообраќајните камери, идентификувајќи го камионот со когошто бил извршен транспортот на бетонот.

Целиот труд на Гу и Јан требало да им донесе 12.000 јуани, односно околу 1.800 евра, со договорената испорака во еден каменолом, пред полицијата да ги уапси вредните и храбри крадци на патишта.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Концернот Volkswagen со сите 12 марки на AUTOmobil во Хановер

Дали го ресетиравте авионот? Софтверска грешка во Boeing 787