Полицијата во Сардинија патролира со електрични скутери

Полицијата во италијанскиот Каљари, главен град на Сардинија, отсега ќе ја обавува својата секојдневна работа со електричните скутери на BMW. Едно полнење на батериите е доволно за 100 километри.

Мото-марката BMW има долга традиција во снабдувањето на возните паркови на полицијата. Италијанската полиција ги користи мотоциклите на BMW веќе од 2001 година, вклучувајќи ги моделите R 850 RT, F 650 GS, R 1150 RT и R 1200 RT, како и F 700 GS. Во возниот парк на полицијата во италијанскиот Каљари, на Сардинија, се придружуваат и 15 примероци од BMW C evolution. Со максимална моќност од 47 КС, крајна брзина од 120 километри на час и забрзување што е споредливо со макси-скутерите со мотори од 600 сантиметри кубни, електричниот скутер на BMW ги исполнува сите критериуми за примена во градски услови, вклучувајќи и досег до 100 километри со едно полнење на батериите.

Претходна објаваМатеријалот за изработка на Apple Watch чини само 83,7 долари
Следна објаваКонцернот Volkswagen со сите 12 марки на AUTOmobil во Хановер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here