Кинескиот пазар на автомобили продолжува да расте

Во јули повторно е зголемен бројот на продадени автомобили во Кина. Во првите седум месеци од годинава веќе се продадени 12,4 милиони возила. Даночните олеснувања покажуваат резултат.

Растот на кинескиот пазар на автомобили забрзува и натаму. Бројот на продадени автомобили во јули се зголеми за 23 проценти, на 1,6 милион. Пет месеци по ред расте продажбата на најголемиот пазар за автомобили во светот. Во периодот од јануари до јули, во Кина се продадоа вкупно 12,4 милиони автомобили или за 11,1 проценти повеќе отколку во истиот период лани.

Пред една година забави продажбата на автомобили во Кина поради ослабената конјунктура, но државата реагираше со намалување на данокот за помалите автомобили и со тоа придонесе продажбата повторно да бележи нагорна линија. Даночното олеснување ќе важи до крајот на годинава.

Продажбата на Ford во Кина порасна за 15%, на Toyota за 6 проценти

Според досега објавените бројки, најдобри резултати од странските концерни во јули бележи General Motors. На крајот на минатата седмица, американскиот производител на автомобили објави раст во продажбата од 18 проценти на кинескиот пазар. Ford ја зголеми продажбата за 15 проценти, додека Toyota забележа плус од 6 проценти. Домашните производители Guangzhou, Great Wall Motor и Geely постигнаа уште поголем пораст во продажбата отколку странските концерни.

Кина е еден од најважните пазари во светот и за премиум марките Mercedes, Audi и BMW. Покрај тоа, Кина станува сé порелевантна и на полето на електромобилноста, како производител, но и како пазар.

Претходна објаваОва подрачје на автомобилот е ноќна мора за дизајнерите
Следна објава„Брексит“ донесе зголемување на цените на Peugeot и Citroen

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here