Дачиа Дастер може да биде и Нисан Тектон, пробив на индискиот пазар

Нисан одржа светска премиера на моделот Тектон, што има иста техника со Дачиа Дастер и неколку зафати во изгледот по пример на Патрол.

Нисан сака да направи тектонско поместување на пазарот со Тектон, модел за Индија, но и за извоз; Европа не е во план

Нисан ја проширува својата понуда од СУВ-модели со новиот Тектон. Близнакот на Дачиа Дастер е конструиран врз платформата ЦМФ-Б на сојузот Рено-Нисан. Со присуство на бројни системи за асистенција, напреден софтвер и два турбо-бензинци, Тектон ќе бара купувачи на неколку светски пазари што бележат голем раст.

Промените во изгледот во споредба со Дастер се забележуваат јасно во носот, каде што Тектон го презема стилот на големиот Нисан Патрол. Но, страничната силуета и опашот пак укажуваат дека основата е популарниот романски СУВ.

Нисан Тектон настапува со уверлив дизајн на СУВ, со широка маска, предни диодни светла во форма на потковица и испакнати крила. Како основа служи платформата ЦМФ-Б на сојузот Рено-Нисан-Мицубиши, што освен Дачиа Дастер, ја користат уште Дачиа Бигстер и Страјкер, како и други модели на Рено и Нисан. Тектон ќе се произведува во фабриката на Рено во Ченај, Индија.

Понудата од погонски единица во почетокот се состои од два турбо-бензинци. Основата е 1,0-литарски трицилиндарец, над него следи 1,3-литарски четирицилиндарец, со моќност од 163 КС и вртежен момент од 280 њутнметри. Посилниот мотор може да се комбинира со 6-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Двата мотори на Нисан ја користат технологијата мирор-бор-коутинг за цилиндарските кошулки, којаѓшто е позната од ГТ-Р и служи за смалување на абењето, а со тоа и на потрошувачката, а оди во прилог и на трајноста.

Не е штедено во опременоста, ценовната предност доаѓа од индиската фабрика

Во кокпитот работат 10,1-инчен средишен дисплеј и возачки екран од 10,25 инчи. Инфо-забавниот систем располага со изворно подржани услуги на Гугл Мапи, Гугл Асистент и Гутл Плеј. Тоа овозможува користење на секојдневните апликации и во возилото. Преку Нисан-Ап може да се користат и онлајн-услуги.

Во повисоките нивоа се вградени панорамски покрив, предни седишта со вентилација, двозонска клима, безжично полнење со ладење и аудио систем од Аркамис.

Освен шест воздушни перници, Нисан Тектон поседува и припособлив темпомат, систем за следење лента, камера за сообраќајни знаци и камери во 360 степени.

Најдостапната изведба на локално произведениот Нисан Тектон во Индија чини малку над еден милион рупии, односно околу 9.600 евра. Гамата ја заокружува изведбата Тектон Текна+ Т280 ДЦТ со 1.859.000 рупии, односно околу 17.000 евра.

Нисан Тектон е важен делод стратегијата Ре:Нисан. Освен за Индија, фабриката ќе произведува за уште 50 пазари на Блискиот Исток и Африка. Со овој чекор, Индија станува важен пазар за Нисан, но и извозен центар за своите СУВ модели за светските пазари. Мала е веројатноста дека Нисан Тектон ќе биде пуштен во продажба во Европа.

Рено Клио · Тест · Автомобил од македонска класа

Претходна објаваКиа постигна најголем раст меѓу марките во европскиот Топ 10
Следна објаваКои се конкурентите на Липмотор Б10, Кинезот што двои со погонот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here