Киа постигна најголем раст меѓу марките во европскиот Топ 10

Киа ја зголемила продажбата четирикратно над растот на европскиот пазар, со близу 15 проценти во плус, наспроти 3,6 проценти на целиот пазар.

Корејскиот производител профитира од растечката побарувачка за модели со електрифициран погон, новите ЕВ-модели навестуваат засилен раст.

Според последните целосни статистики, Киа во мај испорачала 14,9 проценти повеќе возила во споредба со лани и со тоа го има најголемиот напредок меѓу 10-те најпродавани марки во Европа.

Киа во мај испорачала 49.382 возила на поширокиот европски пазар, посебно благодарение на растечката продажба на големите пазари, како Обединетото Кралство, Германија, Шпанија и Италија.

Тоа донесе убедлив раст од 14,9 проценти во продажбата на корејската марка, во периодот од годината кога конкурентската битка е најжестока и производителите се борат да зафатат колку е можно поголем дел од пазарот што расте. Големината на ова постигнување се покажува најверно преку споредбата со растот од 3,6 проценти што целиот европски пазар го постигнал во мај.

Киа имаше модели и имиџ да ги привлече купувачите кон својата марка, додека пазарот реагира со зголемена побарувачка за сите видови на елеткрифициран погон. Во соопштението што го издаде производителот стои дека „со една од најширoките и најнапредни портфолија од ЕВ, Киа продолжува да се рангира меѓу најбзо растечките големоволуменски марки во Европа.“

Соодветно порасна и уделот на Киа на европскиот пазар, од 3,9 проценти во мај лани, на 4,3 проценти годинава. Марката се издвојува над европскиот просек и во првите пет месеци, со раст од 5,1 проценти, еден процентен бод повеќе од петмесечниот просек.

Околу предводникот во продажбата нема сомнежи, тоа и натаму е СУВ-хитот Спортаж, со испорачани 16.072 возила во мај, што е врв во сегментот на моделот. Втор е Пиканто, малечкиот автомобил што нуди функционална комоција на голема лимузина, но ги задржува сите предности на малите димензии во градскиот метеж: Продажбата му достигна 5.955 возила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Трет е Стоник со 4.868 возила во мај, а по него е К4, моделот што го замени Сид и место во Словачка, се произведува во Мексико, со целосно сменет концепт во споредба со Сид, што беше посебно развиен за Европа. Откако ќе се стабилизира пазарот и доволен број конкуренти во сегментот ќе преминат во нова генерација и соодветно ќе настапат со новите цени, така и К4 ќе се издвои пак во пазарната битка.

Растот доаѓа од електричните

Електричните и хибридните модели го преводат растот во мај, во ЕУ, ЕФТА и ОК. Хибридите имаат највисок удел со 35,5 проценти, по нив следат цеклосно електричните со удел од 23,3 проценти. Трет најазстапен вид на погон се бензинците, на коишто уделот им изнесува 21,7 проценти.

Приклучните хибриди учествуваат со 10,7 проценти. Последниов податок покажува дека купувачите, барем кај Киа, повеќе се решаваат за целосно електричен погон, отколку за приклучен хибрид. Цените на ЕВ-моделите ги уверуваат купувачите во изборот на целосно електричен модел.

Во мај биле продадени 15.443 електрични возила, од коишто е најбаран ЕВ 3, со 4.770 возила. ЕВ 4 се продал во 2.886 примероци, во лимузинска и комбилимузинска изведба, трет е ЕВ 5, „елеткричниот спортаж“ со 2.499 возила, а по нив е најмалиот и најсвеж ЕВ 2, со 2.464 возила. Тој имаше премиера на македонскиот пазар пред само неколку денови и се очекува да дојде на тест во Аутомедиа.

Сите видови електрифициран погон постигнаа 30.995 продажби. Меѓу нив е најбаран Спортаж со хибриден погон, со 6.869 возила.

Споредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж

Претходна објаваПрвиот електричен компакт на АМГ има 680 КС и глуми бензинец
Следна објаваДачиа Дастер може да биде и Нисан Тектон, пробив на индискиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here