Yamaha продолжува со збогатување на понудата од спортски модели со класичен дизајн. Новиот XV950 Racer е стилски спој на американски крстосувач и безвременски кафе-рејсер.
Инспирирани од минатото, направени за иднината. Тоа е мотото на Yamaha за серијата спортски модели со класичен дизајн, коешто совршено ја отсликува идејата зад овие мотоцикли – спој на традиција со модерна техника. Во последните 60 години Yamaha постојано претставуваше напредни модели коишто се издвојуваа од воспоставените класи мотоцикли. Цената на Yamaha XV950 Racer на европскиот пазар изнесува околу 9.400 евра.
Двоцилиндарецот во V под 60 степени, со воздушно ладење и работна зафатнина од 942 сантиметри кубни, постигнува вртежен момент од 79,5 њутнметри при само 3.000 вртежи и моќност од 52 КС при 5.500 вртежи, од што произлегува и способноста за моќно повлекување уште од најниски вртежи.

















