за

Зошто да не: Автоматска перална за велосипеди

Со автомобилите е лесно. Во автоматска перална миењето трае пет минути. Но, за велосипедот да се измие, мора да се посегне по кофа и сунѓер. Една германска фирма го реши и овој проблем – со автоматска перална за велосипеди.

Без разлика за каков вид велосипед се работи, тркачки, планински, електричен или преклоплив, секој што сака долго време да го вози својот велосипед мора редовно да го мие и одржува. Само на тој начин велосипедот е безбеден за возење и трае подолго. За миењето на велосипедот да не претставува мачна работа, една германска фирма разви специјална автоматска перална.

[quote_box_right]Главна целна група се сервисните работилници за велосипеди и градските сервиси за измајмување. Единствен недостаток е тоа што за разлика од автоматските перални, тука возачот мора сам да го избрише велосипедот од вишокот вода по миењето.[/quote_box_right]

Миењето трае околу три минути, со помош на сензори коишто управуваат со автоматските четки и соодветно ги оддалечуваат и приближуваат кон велосипедот, исто како кај автомобилите. Ротирачките четки неколкупати ги минуваат рамот и тркалата. На тој начин се отстранува и најтврдокорната нечистотија, којашто се таложи на чувствителни места, како на менувачот и сајлите, кадешто во спој со маст и масло дејствува како фина брусна хартија. Пералната работи со само 25 литри вода, којашто постојано се филтрира со вградените пречистувачи и на тој начин покажува и еколошки карактер.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Yamaha XV950 Racer со старински дизајн и нова техника

Manhart MH2 400 WB: Малечок пакет полн со неодолива неразумност