Manhart MH2 400 WB: Малечок пакет полн со неодолива неразумност

Тоа што „двојката“ е најмалечкото купе на BMW не менува многу. Во тјунерска режија на Manhart, овој болид произлезен од M235i извлекува 430 КС и чини двапати повеќе од стандардната изведба. Но, и вреди двапати повеќе.

Многумина гледаат неразумност во идејата да се тјунира автомобил што уште на излез од фабрика е брз, многу побрз од повеќето. Но, и покрај тоа, во овој Mahnart MH2 400 WB сé е направено крајно разумно. Тркачкиот болид со нормална регистрација на база на купето од серијата 2 на BMW е производ на решителни и рационални одлуки. Со подвозје со навојни амортизери и дотерување во три степени, сопирачки клешти со 6 клипови и шестцилиндарец од три литри навиен на 430 КС, овој автомобил е подготвен уште во истиот момент да се појави на стартната линија.

manhart mh2400wb 120150328Внатре има вградено заштитен кафез и тоа е добро за безбедноста, исто како и школкастите седишта со ремени со 4 точки. Мануелниот менувач ја смалува тежината и дава поголема директност на погонската спрега. По желба може да се избере и комфорен степен за работата на подвозјето, што е добредојдено за секојдневието. Тука нема ништо неразумно.

Две издувни цевки што најавуваат доаѓање од три километри

„Двојката“ е спуштена за добри 45 милиметри, на задните тркала дејствува вртежен момент од 592 њутнметри, а двата ќумци одзади со пречник од 76 милиметри, коишто имаат функција на издувни цевки, прават секој околу во радиус од три километри да дознае дека во близина е дело на Mahnart. Повеќе и нема што да се направи на база на BMW M235i. Со истото внимание е работено и на оптичкото тјунирање. Предизвикува црната боја на каросеријата, со жолти акценти што се поставени мајсторски, а каросерискиот кит е изработен со цел да држи чекор со проширената трага на тркалата. Каросеријата е поширока за дури 12 сантиметри. За крај следува мал спојлер. Мајсторски.

Секако дека во Manhart ја ценат работата соодветно и нивната верзија на BMW M235i е двојно поскапа од серискиот модел. Единствена забелешка е скалата на брзиномерот до 260 km/h, на којашто ѝ недостигаат 60 километри на час за да ја прикаже реалната крајна брзина на болидов. На тоа се работи во моментов.

Претходна објаваЗошто да не: Автоматска перална за велосипеди
Следна објава5 милиони возила на Ford возат со мотори EcoBoost

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here