за

5 милиони возила на Ford возат со мотори EcoBoost

Секое четврто возило на Ford продадено во Европа лани било со штедлив мотор EcoBoost. Јубилејниот петмилионити автомобил со трикратниот светски првак се произведе токму во САД, земја на големи и жедни мотори.

Компанијата Ford одбележува важен јубилеј за штедливите бензински мотори од генерацијата EcoBoost. Пет милиони возила низ светот возат со овие мотори откако Ford започна да ги вградува во 2009 година. Секој четврти автомобил на Ford што бил продаден лани во Европа имал мотор со врвна штедливост под хаубата. Најпопуларен е еднолитарскиот бензинец со три цилиндри, којшто е единствен мотор што успеал трипати едноподруго да ја освои титулата на светски мотор на годината. Овој мотор во моментов се вградува во 10 најразлични модели, почнувајќи од Fiesta, па до знаменосецот Mondeo.

Секој месец се произведуваат по 200.000 мотори EcoBoost

Тоа што најмногу ги освојува купувачите е комбинацијата од перформанси и штедливост на моторите, благодарение на современата технологија што ја користи Ford. Моторите се развиени според принципот на „даунсајзинг“ односно смалување на работната зафатнина и нејзино компензирање со умерено турбонатполнење, со цел да се постигне повисока ефикасност во работата. Покрај тоа се користат и директно впрскување и варијабилна работа на брегастите вратила, што обезбедува солидно повлекување во ниското и средното подрачје.

Специјалната серија Fiesta Red and Black, претставена лани, под хаубата го има најсилниот мотор со зафатнина од еден литар во историјата, со моќност од 140 КС. Истите принципи се користени и во развојот на 2,3-литарскиот мотор за Mustang, како и во неодамна претставениот Focus RS, кадешто моторот ослободува преку 320 КС.

Јубилејниот автомобил со 1.0 EcoBoost е произведен во фабриката на Ford во Мичиген, САД. Во светот секој месец се произведуваат по 200.000 примероци од оваа генерација мотори, којашто вклучува четирицилиндарски верзии со зафатнина од 1,5 литар, 1,6 литар, 2,0 литри и 2,3 литри, како и шестцилиндарци од 2,7 литри и 3,5 литри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Manhart MH2 400 WB: Малечок пакет полн со неодолива неразумност

Ford Focus RS пристига во почетокот на 2016 година