
Л03 е прв модел што го поседува системот Некст Џенерејшн Пајлот (НГП) ВЛА 2.0 на Шаопенг. Срцето на тој систем се трите специјални чипови Туринг АИ, што заедно извршуваат 2.250 трилиони операции во секунда.
Овој систем е способен да го води возилото низ густ градски сообраќај, со користење на напредни функции за самостојно управување, вклучувајќи приспособување според локалните сообраќајни правила и однесувањето во сообраќајот.
Шаопенг (надвор од Кина често се води како Експенг) ветува дека системот е способен за нивото на самостојно управување САЕ ++, што значи дека возачот единствено треба да внимава на сообраќајот и да биде подготвен да ја преземе контролата во секое време. Сличен систем е Тесла ФСД, за којшто постои одобрение во само неколку држави во Европа.
Л03 претставува важен чекор на Шаопенг во освојувањето на светскиот пазар. Дизајнот е дело на Хуанма Лопез, поранешен дизајнер на Ферари. Внатрешноста е насочена кон удобност и дигитално поврзување.
Директорите на Шаопенг веруваат дека Л03 ќе придонесе компанијата да се докаже како светски играч на пазарот на интелигентни електрични возила, што постојано се менува.
Шаопенг очекува Л03 да ѝ биде најпродаван модел во светот
„Во поглед на големината, Л03 е нашиот модел што најмногу одговара за Европа, исто како за Кина,“ изјави претседателот и извршен директор на компанијата Хе Шаопенг при првото прикажување на моделот пред европската јавност во Минхен. Тој не наведе податоци за продажбата што ја очекува, но верува дека тоа ќе биде најпродаван модел на Шаопенг.
Кинескиот производител ќе го нуди Л03 во изведба како чист електричен модел (БЕВ) и во изведба со продолжувач на досег (ЕРЕВ). Цената на БЕВ моделот во Германија изнесува 35.600 евра, додека за ЕРЕВ треба да се издвојат 38.600 евра. Во Германија, Тесла Модел Уај чини најмалку 39.990 евра.
Првите увезени возила од Кина се очекуваат во почетокот на следната година. Шаопенг плаќа дополнителна царина кон ЕУ во висина од 21 проценти, покрај редовните 10 проценти.
Во минатата година, Шаопенг ја зголеми продажбата за 126 проценти, со 430.000 возила. Во ноември лани беше произведено милионитото возило, откако Шаопенг започна со производство во октомври 2017 година.
Со должина од 4,65 метри и меѓуоскино растојание од 2,85 метри, Л03 е во срцето на сегментот на средни и големи СУВ во Европа, каде што владее жестока конкуренција и производителите се потпираат на изглед како купе и на напредни платформи, каде што е најважен софтверот.
Модел Уај е најпродаван во сегментот, со 76.760 продажби до мај и раст од 68 проценти во споредба со лани. Сегментот забележа раст од 27 проценти, со 475.741 возила.
Водечката тројка ја заокружуваат Шкода Кодијак, со 51.506 продажби, и БИД Сил Ју, со близу 39.000 возила.
Шаопенг во Л03 ја применува својата најнајпредна платформа за интелигентен кокпит, што се води како ИксОС 6. Кинескиот производител тврди дека е прв од региоинот на Азија и Пацификот, што воведува природно поврзување со Гугл Мапи, за европските клиенти да добијат навигација што им е позната и што користи локални податоци.
Европските клиенти ќе добијат пристап до интелигентни функции за паркирање, вклучувајќи напредно прикажување на постапката.
Каросеријата се одликува со низок отпор на воздух, широк нос, врати без рамка и рачки што делумно се вовлечени. Производителот наведува коефициент 0,228, што е незначително под 0,23 на Тесла Модел Уај.
Варијантата на Л03 со продолжувач на досег поседува мал бензинец, што служи како генератор за полнење на батеријата. БЕВ изведбата постигнува досег до 520 километри (ВТЛП), додека ЕРЕВ вози преку 1.000 километри на стрија и бензин. За споредба, Тесла Модел Уај има досег до 657 километри.
При користење брз полнач, за 20 минути се постигнува наполнетост од 80 проценти.
Кокпитот го сочинуваат средишен екран од 15,6 инчи и проекциски дисплеј, со климатизација со којашто се управува со помош на АИ. Предните седишта имаат грејачи, вентилација и масажа, а постои и систем за потиснување на вишокот звуци.
Багажникот располага со зафатнина од 539 литри, а во дополнителниот простор под предната хауба кај БЕВ, се добиваат уште 102 литри. Задната клупа е триделна. Може да се влече приколка до 1,5 тон.
Шаопенг се пробива во Европа
Шаопенг брзо напредува на пазарот во Европа, иако и натаму заостанува зад главните играчи од Кина, како Липмотор, БИД, Џили, САИЦ (МГ) и Чери. До мај се продадени 14.276 возила, што е раст од 113 проценти.
Најпродаван модел бил СУВ-то од средна класа Г6 со 9.838 возила, пред големиот СУВ модел Г9 со 4.154 возила. Неодамна стартуваше и спортската лимузина П7+, од којашто се продадоа 228 возила.
Сите три модели се монтираат од готови китови во фабриката на Магна Штајер во Грац, Австрија, и се нудат само во БЕВ изведба. Во Кина, П7+ се нуди и со продолжувач на досег.















