Севeрна Америка како најголем и најпрофитабилен пазар на Хонда, учествуваше со околу 40 проценти во вкупната продажба на јапонскиот производител лани. Фабриките во САД, Мексико и Када работат под полна пареа.
„Производството е пополнето речиси целосно,“ изјави Мибе за јапонскиот дневен весник Јомиури Шимбун. „Доколку немате бафер, не можете да ја зголемувате продукцијата.“
Со дополнителната фабрика би се добила поголема слобода, што е важна за сигурноста на веригата од добавувачи и за зголемување на продажбата.
„Сакам голем раст во продажните бројки во Северна Америка,“ изјави Мибе во интервјуто што беше објавено на 18-ти јули. „Главната идеја е да се произведува на тоа место каде што има побарувачка.“
Американскиот огранок на Хонда има цел да освои преку 9 проценти од пазарот во САД во 2026 година и да постигне раст што ќе биде над просекот во браншата.
Фабриките на Хонда во САД, што се наоѓаат во Индијана и Алабама, работат со 85 проценти од нивниот вкупен потенцијал за 1,2 милион возила. Вкупната искористеност на фабриките на Хонда во Северна Америка изнесува околу 90 проценти, од максималните 1,8 милион возила годишно.

Сменета стратегија
Проширувањето стана тема по два месеци откако Хонда потврди, дека конечно ги откажува плановите за фабрика за електрични автомобили и батерии, вредна 15 милијарди долари во Онтарио, Канада. Компанијата претходно ја смени стратегијата и одлучи, место на електрични автомобили, да се посвети повеќе на возила со хибриден погон.
Хонда во март ги откажа амбициозните планови за електрични возила во Северна Америка, откако администрацијата на Трамп ги укина субвенциите и соодветно стивна побарувачката. Со тој чекор, се компанијата се откажа од 15,8 милијарди долари, веќе вложени во таа насока. Поради тоа, Хонда првпат во 70 години се соочи со загуба во работењето.
Мибе го оправда тој потег и кажа дека „ерата на ЕВ во Соединетите Држави нема да пристигне за пет години.“
Хонда во моментов развива бројни модели со хибриден погон од нова генерација, за фабриката во Охајо целосно да ја префрли на возила со бензински и хибриден погон.

Царините притискаат да се зголеми производството во САД
Затегнатите трговски односи притискаат да се зголеми производството во САД. Производителите се во трка да произведат колку може повеќе возила во земјата, за да ги избегнат високите увозни царини.
Тојота вложува 3,6 милијарди долари за да воведе втора монтажна линија во Тексас, за продукцијата на 150.000 пикапи Такома да ја префрли од Мексико во САД, најдоцна до 2030 година.
Експертите се убедени дека за изградбата на фабрика во Северна Америка ќе бидат избрани САД, со цел да се избегнат царините. Со тоа ќе се смали бројот на возила, што се произведени во Мексико или Канада и се извезуваат во Соединетите Држави. Со тој чекор, Хонда ќе има вкупно шест фабрики во САД.
Јапонскиот дневен весник Никеи во април објави, дека Хонда размислува да го префрли производството на ЦР-В и ХР-В од Канада и Мексико во САД, и 90 проценти од компонентите во возилата да бидат изработени локално. Хонда го демантираше тоа.
„Речиси 99 проценти“ од сите возила на Хонда и Акура што се продаваат во САД, произведени се во регионот, изјави директорот за продажба во Американ Хонда, Ленс Волфер.
„Во следните неколку години, со секој нов модел ќе продолжиме со зголемување на степенот на локализација во нашата верига од добавувачи, за да се заштитиме од нарушувања на пазарот и од царини, посебно откако ќе почнеме да го проширувамне локалното производство на хибридни модели“, изјави Волфер.
















