Кинезите ќе градат фабрики за автомобили во Европа, но си носат работници од Кина

Кинескиот Чери гоизработува СУВ-моделот Омода 5 во Барцелона. Во Шпанија само се составуваат модули што веќе се изработени во Кина. Нема високо платени работни места, нема дополнителна работа за домашните компании.

Шпанија им посака добредојде на кинеските производители на автомобили, но тие си донесоа и работници.

Најголемата кинеска инвестиција во индустријата во Шпанија доаѓа во пакет со работници од Кина, коишто ќе работат на изградбата, стои во владиното соопштение во врска со плановите на Мадрид да го зајакне производството на автомобили во земјата.

Истражувањето, во коешто Блумберг добија увид пред неговото објавување на 17-ти јули, открива дека во изградбата на фабриката за батерии во вредност од 4,1 милијарди долари, во сопственост на кинески КАТЛ и Стелантис, ќе се потпираат на „странски работници“, заклучно со последното тромесечје во 2028 година. Тоа ги потврди претходните гласини дека изградбата на фабриката ќе им припадне на работници од Кина.

Извештајот го покажува пристапот на Мадрид кон инвестицијата што ја води како „направено правилно во Шпанија“ и што ја сочинуваат три заеднички проекти: Чери со локалната компанија Ебро Моторс, Стелантис со КАТЛ и БАИК со Сантана Моторс.

Чери уште годинава ќе започне да произведува свои возила во фабриката во Барцелона, по неколку доцнења зад првичните планови за 2024 година. Кинескиот производител имал тешкотии од комерцијална природа, вклучувајќи ги царините за увоз на електрични автомобили од Кина во ЕУ. Првата фабрика на Чери во Европа е поранешна фабрика на Нисан. Шпанските власти ја поздравија инвестицијата како засилување на автомобилската индустрија во земјата и зајакнување на економските односи со Кина.

Шпанија се покажа како еден од најсилните заговорници, за европските производители да се здружат со кинеските производители на автомобили, во обид да му докаже на Брисел, дека постои и трет начин, различен од протекционизам или од целосна отвореност кон Кина.

Во време кога Брисел има воведено строг надзор над кинеските инвестиции и вложува напори да го ублажи трговскиот дефицит, Шпанија е со став дека кинеските компании се неопходни за да се заокружи преоѓањето на автомобилската индустрија кон електрични возила. Но, услов за тоа е инвестициите да донесат отворање нови работни места, нови добавувачи и нова технологија.

Во поглед на вработувањата, извештајот открива дека трите проекти треба да донесат околу 6.000 директни вработувања, од кои преку 4.000 во фабриката за батерии на Стелантис и КАТЛ, 1.600 во Ебро Моторс и околу 210 во Сантана Моторс.
Во извештајот се наведува и дека во изградбата на фабриките ќе бидат ангажирани илјадници работници, но не се наведува колку однив ќе дојдат од Кина.

Неизвесно е дали шпанските добавувачи ќе имаат корист

Нејасно е дали ќе се зголеми снабдувањето со компоненти од шпанските добавувачи и дали во земјата ќе се произведува висока технологија. Мадрид цени дека од тоа зависи дали на крајот ќе бидат исполнети целите.

Во почетокот, кинеските компании ќе увезуваат готови китови што само ќе се составуваат во Шпанија, но намерата е да се развие европска верига од добавувачи, од што ќе имаат корист и локалните компании.

Во извештајот се спомнуват планови за постепено префрлување на тенологијата, иако не е одредено точно, како главната интелектуална сопсвеност ќе се пренесе во шпански раце. Во случајот на КАТЛ и Чери, компаниите само ќе ја лиценцираат технологијата, место да ја предадат. Не се спомнуваат ниту намери да се основаат локални истражувачки центри.

Меѓу најголемите предизвици за возилата што се произведуваат во ЕУ е тоа што Унијата не произведува батерии, коишто сочинуваат околу една третина од вредноста на еден електричен автомобил. Европа вложува напори да создаде домашна индустрија за батерии, откако пропадна Нордволт, некогаш најголемата надеж на Европа за фаќање чекор со кинеските производители на батерии.

Стелантис стана прв поголем производител на автомобили во Европа, што ја продлабочи соработката со кинеските партнери. Компанијата очекува скусување на трошоците и побрз развој на возила со конкурентна технологија. Производителот со 14-те марки околу Фиат и Пежо, неодамна соопшти дека во 2028 година ќе почне да произведува СУВ, што ќе се продава под марката Опел, и во којшто ќе се користи технологија од кинескиот партнер Липмотор.

Стелантис ќе понуди и дел од својата фабрика во близина на Мадрид и планира на компанијата Донгфенг да ѝ дозволи да произведува во Рен, Франција.

Претходна објаваТојота двојно ја зголеми продажбата на електрични автомобили во Европа
Следна објаваТесла добива силна конкуренција од Шаопенг Л03 на европскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here