Webasto почнува со производство на батерии за електрични возила

Webasto производство батерии

Познатиот производител на системи за греење Webasto препозна добра шанса и го проширува бизнисот со батерии за електрични автомобили, исто како и полначи. Во германскиот Шлиринг веќе стартуваше изработка на батериски модули. Многу пари се вложени тука.

Добавувачот на автомобилските фабрики, германската компанија Webasto, започна со производство на батерии за електрични автомобили. Во местото Шлиринг во близина на Регенсбург, веќе се изработуваат батериски модули за еден европски производител на автобуси. Од следната година, таму ќе се произведуваат и самостојно развиени стандардни батерии, што ќе се вградуваат во камиони од повеќе марки.

Во производствената линија за батерии се вложени 11 милиони евра. Дополнителни 18 милиони евра се инвестирани во изградба на лабораторија за изработка на прототипи и нивно тестирање во Хенгерсберг, близу Дегендорф.

Големите добавувачи ги користат своето реноме и врските со производителите на автомобили за да го прошират бизнисот во ерата на електромобилноста

Компанијата пред три години реши да го прошири бизнисот со системи од полначи и батериски системи, покрај традиционалните подрачја на постројки и уреди за греење и покриви. Webasto наскоро ќе одбележува 120 години од основањето.

Батериските ќелии за стандардните батерии на Webasto пристигаат од јужнокорејскиот производител Samsung SDI, кој од лани е партнер на Германците во делот на батериски системи. Наскоро треба да се случи пробив на кинескиот пазар. Развојот и производството на батериски системи во Кина, заедно со изработка на покривни системи, планирано е да стартуваат во почетокот на 2020 година, во местото Џиjаксинг.

Претходна објаваSsangYong има две „причини“ да ни недостига
Следна објаваДесет автомобили се продадоа за 10 секунди на германски топ-шоп

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here