Корејската марка што отсекогаш ги цени своите возила како премиум, има два големи новитети. SsangYong Korando се појави во новата генерација пролетоска во Женева, а сега му почнува и продажбата, додека малечкиот Tivoli настапува со моделско освежување. SsangYong извесно време не е активен на домашниот пазар, ова се две причини за повторно да слушнеме за марката.
SsangYong е точно тоа што се води како избор за познавачи. Корејската марка навидум е во сенка на Kia и Hyundai, што во голема мерка е точно, во поглед на продажбата, а подеднакво и во поглед на актуелноста на моделската понуда. Тоа што прави оваа марка да биде различна е следното: Цената, затоа што SsangYong и натаму го поседува факторот „корејски“ автомобил во тој поглед, а второ е издрживоста и робусноста на овие автомобили.
Доказ за второво се примероците од легендарниот Musso од 1990-те, тогаш напреден кросовер кој по некаква „случајност“ пристигна на македонскиот пазар и постигнуваше пристојни бројки во продажбата – кој имал во скоро време улична средба со овој ран СУВ, сигурно веднаш забележал колку малку оставило трага времето. Од тие причини, познавачите ги ценат моделите на третата корејска марка и следат што се случува во марката. А, таму има големи новитети.
Korando е веќе во четвртата моделска генерација и ја предизвикува конкуренцијата со досега невидена самодоверба. Дизајнот повторно е силен адут на овој модел, за разлика од првите моделски генерации на марката. Надворешниот изглед го дополнува внатрешност со солидно избрани материјали, па дури има и дигитални инструменти од 10,25 инчи, покрај средишниот дисплеј од 9,2 инчи. Дизајнерите се погрижиле и амбиенталното осветлување да создава пријатна атмосфера во кабината. Така функционираат премиум моделите.
Компактниот СУВ на корејската марка ја покажува предноста наспроти конкуренцијата ако се гледа како премиум модел; SsangYong долги години учеше од Mercedes, вистинскиот квалитет на возилата се покажува дури по неколку години
Со порастот на меѓуоскиното растојание на 2,68 метри порасна и просторноста во кабината. Багажникот од 551 литри е уште еден силен адут на СУВ-моделите, во комбинација со двоен под. По желба, задниот капак може да се отвора со помош на електромотор и автоматски. Во опремата може да се добијат и седишта со греење и вентилација, заедно со електрично местење, исто како и диодни светла и поврзување на инфо-забавниот систем со паметен телефон.
Примерно ниво следи и кај системите за асистенција, со камери и радари што го предупредуваат возачот при опасност, со радар што самостојно потсопира и забрзува според возилата напред, па дури и со самостојно следење на свијоците при возење по автопат.
На почетокот на продажбата, SsangYong Korando е достапен со 1,6-литарски e-Xdi дизел со 136 КС. Подоцна ќе се придружи 1,5-литарски T-GDi турбо бензинец со 163 КС. Во двата случаи може да се доплати за шестстепен автоматик, исто како и да се избира меѓу изведба со погон напред или на сите тркала. Во верзиите со преден погон, системот старт-стоп е стандард.
Цените за нашиот пазар недостигаат, во тој случај вообичаено се повикуваме на германскиот пазар, кој секогаш прв ги „знае“ цените. Стартот е од 22.990 евра за изведба со бензински мотор и погон напред, додека дизелот во најдостапната изведба чини 25.990 евра. Погон на сите тркала е опција вредна 2.000 евра, но е достапен почнувајќи од второто ниво на опрема. Во најоптимистичката изведба, со дизел, погон на сите тркала, автоматски менувач, топ ниво на опрема, панорамски покрив, посебна изведба на ентериерот и електрично отворање на задниот капак, Korando чини 43.690 евра. Повеќе од тоа нема.
https://www.instagram.com/p/B0VXqE9HvqU/
Со неколку промени во изгледот на предниот и задниот дел се појавува и малечкиот Tivoli. Новитет е можноста за доплата за диодни светла, а во моделот пристигаат и сите системи за асистенција што во меѓувреме се појавија од лансирањето на моделот. Дигитални инструменти се достапни и во овој кросовер. Моторите се истите како во Korando. Отсега може да се избере и комбинација од бензинец, мануелен менувач и погон на сите тркала.
Соодветно се сменија и пакетите на опременост, кои генерално нудат повеќе ставки од порано. Ценовникот за Tivoli во Германија стартува од 15.990 евра.
https://www.instagram.com/p/B2gmxWAnqnh/
Тоа е легендарниот модел на SsangYong, тој најдобро покажува како стојат работите во оваа марка
https://www.instagram.com/p/Ba4mSUyggKn/